Европа
Путин: Западот е виновен за глобалните последици од санкциите против Русија и за гладот во некои земји

Вината за глобалните последици од санкциите врз Русија, вклучително и можниот недостиг на храна и гладот во некои земји, лежи во западните земји, кои се подготвени да го жртвуваат остатокот од светот поради својата доминација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесува ТАСС.
Тој рече дека многу земји веќе се соочуваат со закани од глад и дека доколку продолжат санкциите против Русија, ЕУ може да наиде на последици што тешко би можеле да се вратат.
„Вината за ова е целосно кај елитите на западните земји, кои се подготвени да го жртвуваат остатокот од светот за да ја зачуваат својата глобална доминација“, рече рускиот лидер.
Според Путин, Русија самоуверено се справува со надворешните предизвици благодарение на одговорната макроекономска политика од последните години и системските решенија за зајакнување на економскиот суверенитет и технолошката и прехранбената безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ издвојува една милијарда евра во 2022 година за зајакнување на сопствениот одбранбен фонд

Европската комисија денеска ја усвои годишната програма за работа на Европскиот одбранбен фонд, со која се предвидуваат 924 милиони евра за инвестиции и одбранбени капацитети на ЕУ за 2022 година.
Истовремено, планирани се дополнителни средства за одбранбени иновации од две милијарди евра со цел ЕУ да стане центар на иновации во одбранбениот сектор.
Денеска, решивме да мобилизираме една милијарда евра од буџетот на ЕУ за развој на заеднички одбранбени проекти, особено во вселената, сајбер-просторот и другите области со висока технологија.
Во нашиот нов безбедносен контекст тие инвестиции ќе придонесат за затворање на европскиот одбранбен јаз, велат претставниците на Европската комисија, пренесе „Танјуг“.
Европа
Русија ја укинува горната старосна граница за воен рок

Руската државна Дума денеска усвои предлог-закон за укинување на горната старосна граница за склучување на првиот договор за воена служба.
Во образложението се наведува дека законот сега предвидува првиот договор за воена служба да може да го склучат државјани на возраст од 18 до 40 години и странски државјани на возраст од 18 до 30 години, пренесува „РИА новости“.
Руската државна Дума денеска го усвои предлог-законот за укинување на горната старосна граница за отслужување воен рок, што на 20 мај го поднесоа пратениците на Единствена Русија, Андреј Картаполов и Андреј Красков.
Европа
Во Финска регистриран прв случај на мајмунска сипаница

Финска, најверојатно, го регистрирала првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска болницата во Хелсинки.
Светската здравствена организација во вторникот соопшти дека 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти се потврдени по првиот откриен случај надвор од земјите, каде што инфекцијата традиционално се шири од 7 мај, пред сè, во Западна и Централна Африка, објави „Ројтерс“.
Потврдени се 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти.