Свет
СЗО предупредува дека допрва ни следува катастрофа: пандемијата се влошува, не слабее

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 60 отсто од 10 милиони заболени во светот се регистрирани во јуни, што значи дека епидемијата се влошува, а не дека слабее.
Директорот на СЗО, Тедрос Адана Гебрејес, рече дека се регистрираат до 160.000 случаи дневно и ги повика сите земји да преземат сеопфатен пристап во борбата со коронавирусот.
„Пронајдете, изолирајте и водете сметка за секој случај, следете ги и ставете ги во карантин сите нивни контакти, обучувајте ги и опремувајте ги здравствените работници, едуцирајте ги и оспособете ги граѓаните за да можат да се заштитат себеси и другите“, рече Тедрос.
Тедрос предупреди дека земјите што применуваат само дел од мерките имаат долг пат пред себе, пренесува „Гласот на Америка“.
„Не само тестирање. Не само физичка дистанца. Не само следење контакти. Не само да носат маски. Туку сè одеднаш“, рече тој и истакна дека една од работите што ги научи во изминатите шест месеци е дека никогаш не е доцна да се промени ситуацијата во една земја.
Директорот на СЗО напомена дека носењето маска понекогаш може да спаси животи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател Џо Бајден денеска го одржал првиот телефонски разговор со неговиот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека тој се соочил со претседателот Путин за низа прашања, почнивајќи од неодамнешнио кибер напад на американската компанија „Солар виндс“ до сомневањата за труење на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални.
„Владимир Путин му честиташе на Џозеф Бајден за почетокот на работата во својство на претседател на САД. Истакна дека нормализацијата на односите меѓу Русија и САД би била од интерес на двете земји и со оглед на нивната одговорност за оддржување на безбедноста и стабилноста во светот, тоа би било од интерес и на меѓународната заедница“, се вели во соопштение од Кремљ.
Прес-секретарката на Бајден, Џен Псаки рече дека тој го започнал телефонскиот повик со намера да разговара за СТАРТ (Договор за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување), кој администрацијата на Бајден се надева дека ќе го продолжи, руската агресија во Украина, кибер нападот на „Солар виндс“ чиј обем сè уште се утврдува, извештаите дека Русија давала награди за елиминација на американски војници кои служат во Авганистан, мешањето на Москва во претседателските избори во САД и труењето на Алексеј Навални.
Според информациите од светските медиуми, во најскоро време двете страни ќе ги завршат неопходните процедури за натамошно функционирање на договорот за заемно ограничување на ракетно-нуклеарните арсенали.
Договорот истекува на 5 февруари.
Свет
Многу полицајци страдаат од посттрауматски стрес поради упадот на толпата во американскиот Конгрес

Полицијата задолжена за обезбедување на зградата на американскиот Конгрес се извини за пропустите за време на упадот од страна на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп на 6 јануари.
Официјалните лица признаа голем број грешки: различни информации, недоволна подготовка и мобилизација на партнерските агенции. Тие повикаа на подобрени канали за комуникација и подобри системи за отчетност.
„Тука сум да ги искажам моите најискрени извинувања во име на одделот“, рече Јоланда Питман, шефица на полицијата на Конгресот, во подготвена изјава за Комисијата за надзор на јавните финансии на Претставничкиот дом.
„Одделот не ги исполни своите високи стандарди, ниту пак вашите“, додаде таа.
Питман рече дека голем дел од полицајците кои биле на должност на 6 јануари денес страдаат од посттрауматско стресно нарушување.
Во упадот на приврзаниците на Трамп кои сакаа да ја запрат, но само на неколку часа ја одложија потврдата на победата на Џо Бајден, загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец.
Шефицата на полицијата рече дека немирите се индиректно поврзани со смртта на уште еден полицаец.
Поранешните началници на конгресната полиција, во меѓувреме, поднесоа оставка и неколку недели по нападот и во пресрет на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари, повеќе од 20.000 припадници на Националната гарда беа испратени во центарот на Вашингтон. Околу 5.000 од нив ќе останат во главниот град на САД до средината на март.
Европа
Германската полиција уапсила крадец, испаднало дека им бил колега

Германската полиција во Берлин уапсила 30-годишен колега од Бамберг, кој е осомничен за неколку кражби, пренесува „Б92“.
Уапсениот полицаец веќе подолго време бил на боледување, соопштила полицијата.
Тој е осомничен дека заедно со еден соучесник, кој исто така е уапсен, извршил повеќе злосторства во Баварија.
Наводно, на 14 јануари во Бамберг тој насилно украл скап мобилен телефон од една жена, што потоа преку интернет го понудил на продажба.
Истата вечер тие украле автомобил од една личност во Швајнфурт.
Следниот ден со тоа возило влетале во излогот на една златарница во Бамберг и украле накит вреден повеќе од 100.000 евра.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот