Европа
Сијарто: Европа треба да ја зголеми безбедноста на своите граници

Европа мора значително да ја зајакне безбедноста на своите граници и подобро да се подготви против тероризмот, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Тој на конференцијата на ОН за борба против тероризмот во Малага на југот на Шпанија рече дека зголемената активност на терористичката група Исламска држава и радикализацијата што може да резултира од можен претстоен недостиг на храна е значајна закана за континентот.
Европа се соочува со голем број безбедносни предизвици, рече Сијарто за време на конференцијата, наведувајќи ја војната во Украина и нестабилноста во јужното соседство на континентот, соопшти унгарското Министерство за надворешни работи.
„Европа не смее да дозволи војната во Украина целосно да го оттргне нејзиното внимание од она што се случува на нејзиниот југ“, додаде унгарскиот министер, пренесува МТИ.
Сијарто рече дека војната во Украина исто така претставува значаен предизвик во борбата против тероризмот откога Исламската држава ги повика своите следбеници да го искористат овој конфликт и да извршат напади во Европа.
Друг важен фактор, рече тој, е што Русија и Украина учествуваат со 15-16 отсто од светскиот извоз на жито, што се очекува значително да се намали во наредните месеци. Според него, тоа би можело да предизвика натамошна дестабилизација во Африка и некои земји на Блискиот Исток, што би довело до ширење на екстремистички идеологии и тероризам.
Сијарто рече дека ОН треба да одвојат повеќе финансиски средства за борбата против тероризмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.