Европа
Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска
Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески патници се сместени во болница во Шкотска со симптоми слични на грип.
FOUR patients are tested for suspected coronavirus in Scotland after returning from Wuhan with flu-like symptoms #CoronavirusOutbreak https://t.co/49jFtSGnC3 pic.twitter.com/ZUQk1siTxy
— Daily Mail U.K. (@DailyMailUK) January 23, 2020
Се верува дека неименуваните патници дошле од Вухан, градот од каде се шири епидемијата на новиот вирус, од кој досега починаа 17 луѓе, а потврдени се над 600 заболени.
На двајцата Кинези им се напаравени тестови кои, како што се наведува, до сега не го исклучиле корона вирусот, пренесе „Дејли мејл“ и додава дека пациентите се во изолација во Универзитетската болница на кралицата Елизабета во Глазгов.
Според информациите кои ги пренесуваат британските медиуми, пациентите стигнале во Лондон минатата недела, пред да заминат за Шкотска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет
Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата во неделата, во напад за кој претседателот Володимир Зеленски ја обвини Русија.
„Прелиминарно е утврдено дека биле детонирани импровизирани експлозивни направи“, објави полицијата на Телеграм.
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, го опиша инцидентот на Телеграм како терористички чин и рече дека 23-годишна полицајка е убиена. Дванаесет лица остануваат во болница, од кои две се во сериозна состојба, рече тој.
A 23-year-old policewoman died as a result of the explosion. 😪
Victoria Shpylka was from Volyn, and later moved to Kherson with her parents.
She graduated from the Lviv State University of Internal Affairs and worked in the ranks of the patrol police, first in Kherson region,… pic.twitter.com/XZnWrcUkDK
— Richard Woodruff 🇺🇦 (@frontlinekit) February 22, 2026
Министерот за внатрешни работи Ихор Клименко рече дека една жена е приведена како дел од истрагата.
Зеленски: Напаѓачите се регрутирани преку интернет
Полицијата соопшти дека првата експлозија се случила кога патрола пристигнала на местото на провала во продавница, додека втората експлозија се случила кратко време подоцна.

Damage at the site of a double explosion in downtown Lviv, western Ukraine, 22 February 2026. According to the National Police, a 23-year-old policewoman was killed and at least 24 others were injured when two homemade explosive devices detonated in what authorities have officially labeled a ‘terrorist attack.’ EPA/MYKOLA TYS
Во видео обраќање доцна во ноќта, Зеленски ја обвини Русија дека стои зад нападите и рече дека напаѓачите биле регрутирани преку интернет. Украинското разузнавање верува дека Русија „ќе продолжи да извршува вакви напади, сериозни напади врз Украинците. Мора да ги заштитиме луѓето“, рече Зеленски.
Четвртата годишнина од почетокот на инвазијата на Украина се одбележува оваа недела.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.

