Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху, избегна директно да го поддржи решението со две држави
Американскиот претседател Доналд Трамп го повика во средата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го запре градењето на еврејските населби на Западниот брег (на реката Јордан) кои меѓународната заедница ги смета за палестински територии окупирани од Израел со војната во 1967 година, но избегна директно да го поддржи решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт, долгогодишен камен на сопнување за блискоисточната политика на САД.
По средбата во Вашингтон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе работи на постигнување мир меѓу Израелците и Палестинците, но дека на крајот тие се оние коишто треба да се договорат со спогодба.
„САД ќе поттикнуваат на мир и на навистина одличен мировен договор. Ќе работиме на тоа многу многу доследно. Но таквиот договор мора директно да го испреговараат самите страни“, изјави Трамп на заедничката прес-конференција со Нетанјаху.
Запрашан за решението со две држави, Нетанјаху истакна дека сака да се концентрирани на „содржината“, а не на „пакувањето“. „Наместо да се занимаваме со пакувањето, сакам да се занимавам со содржината“, изјави Нетанјаху.
„Два се предусловите за мирот. Првиот е Палестинците да ја признаат Еврејската држава. Вториот, во кој и да мировен договор, е Израел да мора да ја задржи безбедносната контрола над целата област западно од реката Јордан“, порача Нетанјаху.
Ова беше првата средба меѓу двајцата челници по победата на Трамп на ноемвриските американски претседателски избори во 2016-та, иако Палестинците ја повикуваа Белата куќа да не ја напушта нивната цел за независна држава. Принципот на двете држави „кои во мир и безбедност живеат една крај друга“ го заговараа сите американски претседатели во последните педесетина години, и демократите и републиканците.
„Би сакал малку да се повлечете околу населбите“, му кажал Трамп на Нетанјаху. Израелскиот десен челник изјави дека еврејските населби не „во суштинатана судирот“ и не вети дека ќе го намали градењето на населбите.
Иако Трамп вети дека ќе поттикнува постигнување мир меѓу двете страни, кои од 2014 година не одржаа никакви позначителни преговори, не е понуди ништо ново за да се деблокира мировниот процес да се постигне договор.
Меѓу главните прашања кои би требало да се најдат на врвот на нивниот распоред би била иднината на решението со две држави, идејата за создавање на Палестина којашто постои покрај Израел, што беше долгогодишна американска позиција.
Укажувајќи на можната промена на ваквиот став на Вашингтон, неименуван функционер на Белат куќа изјави во вторникот дека мирот нужно не вклучува палестинските држави и оти Трамп нема „да наметнува“ решение.
Самиот Трамп не направи многу напори да го појасни својот став. Прецизно запраша да ли го поддржува решението со две држави, американскиот претседател завиено одговори дека ќе го поддржи сето она околу што ќе се договорат двете страни.
„Тоа (решението) би можело да биде и две држави и една држава, мене ми се допаѓа она што им се допаѓана двете страни. Јас сум среќен со она што ќе им се допадне на двете страни“, рече Трамп.
„Можам да живеам и со едните и со другите. Мислев дека решението со две држави е полесно, меѓутоа, искрено, доколку Биби и Палестинците се среќни, и јас сум среќен со она што ним најмногу ќе им се допадне“, додаде американскиот претседател користејќи го прекарот на израелскиот премиер.
Нетанјаху во говорот од 2009 година, со одредени услови, се обврза на тоа решение и оттогаш овој свој став го повтори повеќепати. Но, исто таа, зборуваше и за опцијата „држава минус“, сугерирајќи дека на Палестинците би можел да им понуди широка автономија и делумна државност без полн суверенитет./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

