Свет
Американски командант очекува тешка битка во западен Мосул
Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава ќе пружи жесток отпор и ќе предизвика тешки борби во западниот дел од вториот по големина ирачки град Мосул, и покрај загубите кои ги претрпе во Ирак, изјави во среда американски командант.
„Тука со секој ден е сé потешко и потешко. Кога се борите нема никакви гаранции, ниту временски план, соочени сме со многу решителен непријател“, изјави за Reuters полковникот на американската армија Патрик Ворк, кој се наоѓа во позицијата во северен Мосул.
САД даваат воздушна и копнена поддршка на ирачките и курдските на силите кои се обидуваат да ги истиснат џихадистите од Мосул, кој го заземаа во 2014 година. Офанзивата беше запрена во јануари по заземањето на населбите источно од реката Тигрис, која го дели градот на два дела.
Во моментов течат подготовките за напад врз западниот дел од градот, која би требало да биде потешката фаза поради густо населените квартови и тесните улици по кои не може да се движат оклопните возила.
Од Големата џамија во западниот Мосул, челникот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, Ирачанецот со вистинско име Ибрахим ал-Самараи, го прогласи „калифат“ во деловите што во ненадејната офанзива во летото на 2014 година во Сирија и во Ирак. Доколку падне Мосул, се очекува дека оваа радикална група ќе започне герилска борба со молскавични напади од помали групи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.
Свет
Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми
Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите од Катар, Египет и САД, пишува The Times of Israel повикувајќи се на израелски портали.
Воениот кабинет на Израел сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов жените, мажите над 50 години и тешко болните да бидат ослободени, а кабинетот во четвртокот го овласти преговарачкиот тим на Израел да разговара за повеќе флексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската веб-страница Инет.
Неименуван висок израелски функционер подоцна изјави за веб-страницата дека Израел всушност се согласил да ослободи 33 заложници, а веб-страницата наведе дека Хамас инсистирал бројот на ослободените заложници да биде приближно 20.
Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во тие категории, но Хамас рече дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.
Свет
Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него
Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди долари, објави порталот Политико, цитирајќи неименуван американски функционер.
Според официјални лица, пакетот оружје вклучува контраартилериски радар, тактички возила, пресретнувачи Патриот, беспилотни летала, артилерија, прецизна муниција и системи против беспилотни летала.
На почетокот на неделава Претставничкиот дом на американскиот Конгрес донесе закон за пакет воена помош за Украина, Израел и кинескиот регион Тајван во вредност од 95 милијарди долари, од кои 61 милијарда долари се наменети за помош на Украина.
Лидерот на Демократите во Сенатот Чак Шумер изјави дека оставил порака за украинскиот претседател Володимир Зеленски, која гласи: „Завршивме. Сега – победи“.
„Овој предлог-закон е една од најважните мерки усвоени од Конгресот долго време за заштита на американската безбедност и безбедноста на западните демократии“, рече Шумер.