Свет
Фаучи: Можно е укинување на обврската за носење маски во затворен простор
Водечкиот американски имунолог и медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, објави дека набргу ќе се променат упатствата за носење маски во затворен простор.
На прашањето дали е време да се почне со либерализација на таа мерка, Фаучи одговори дека смета оти тоа треба да биде така, пренесува Си-ен-ен.
„Мислам дека тоа, најверојатно, ќе го видите како одиме понатаму и кога сѐ повеќе луѓе ќе се вакцинираат“, рече Фаучи, кој е и директор на Националниот институт за алергија и заразни болести.
Тој најави дека Американскиот центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) ќе ги ажурира своите упатства бидејќи сѐ повеќе Американци се вакцинираат.
Центарот за контрола ги олесни упатствата за носење маски на отворено минатиот месец, но продолжи да ги советува и оние што биле вакцинирани и оние што сè уште не се вакцинирани да носат маски во затворени простории, како што се трговски центри, кина или музеи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

