Свет
Филипинскиот претседател Дутерте: Прв ќе ja примам руската вакцина
Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, изјави дека ќе волонтира за тестирање на новата руска вакцина против Ковид-19 затоа што има доверба.
„Доброволно ќе ја примам вакцината во јавност и ќе бидам првиот (на Филипините) што ќе биде тестиран“, рече Дутерте, пренесе Си-ен-ен.
Days ago there was the “land of COVID-19” in a Thai newspaper. Today there’s this from Germany’s Deutsche Welle.
Ladies and gentlemen, THIS is how the world views the Philippines under Duterte. Pinoy Pride! ?♂️https://t.co/O81xkVjBxI
— Paterno Esmaquel II (@paterno_II) August 11, 2020
Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера објави одобрение за употреба на руската вакцина против коронавирусот велејќи дека Русија е прва во светот што направила вакцина, но неколку американски официјални претставници изразија скептицизам дали вакцината е безбедна и ефикасна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пелегрини за Фицо: Лекарите не планираат нови операции, тој останува на интензивна нега
Лекарскиот совет во болницата во словачкиот град Банска Бистрица најверојатно ќе се состане в понеделник кога треба да одлучи за понатамошното лекување на премиерот Роберт Фиц, врз кој беше извршен атентат во средата, изјави новоизбраниот претседател Петер Пелегрини.
Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе остане на интензивна нега, соопшти денеска владата на земјата, пренесува Ројтерс.
Тој во четвртокот го посети Фиц, по што изјави дека лекарите кои се грижат за него не планираат нови операции, пренесува словачкиот портал Правда.
Регион
Томислав Николиќ имаше сообраќајна несреќа
Томислав Николиќ, поранешен претседател на Србија и директор на Националниот совет за координација со Руската Федерација и Народна Република Кина, утрово доживеа сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила утрово околу 9.15 часот, а Николиќ бил во службеното возило „ауди А8“, пренесува српски „Курир“.
Автомобилот го управувал возачот на Николиќ. Во несреќата нема повредени.
Свет
(Видео) Украинците објавија снимки од жестоки улични борби за важен град на северот
Украинската гранична стража објави снимка од жестоки борби за стратешки важниот град Вовчанск на североистокот на земјата, во областа Харков.
Борбите за тој град траат веќе една недела, откако руските сили почнаа ненадејна копнена офанзива преку границата. Во него тие зазедоа десетина села во регионот на Харков, но градот Вовчанск, кој беше речиси целосно евакуиран, сè уште се држи.
Русите тврдат дека во градот влегле од два правци за да воспостават позиции, а Украинците тврдат дека ги туркаат назад и го стабилизираат фронтот. Очигледно, најголем дел од борбите се водат во областа Вовчанск.