Свет
Американци се пријавуваат во украинската амбасада за да војуваат против Русија
Илјадници луѓе се пријавиле во украинската амбасада во Вашингтон во обид да ѝ се придружат на украинската армија во борбата против Русија.
Воен претставник во амбасадата изјави за агенцијата „Анадолија“ дека добиле повеќе од 3.000 барања преку е-пошта од оние што сакале да одат во Украина.
„Им одговоривме и побаравме да го пополнат формуларот за апликација. После тоа, ќе ги разгледаме сите апликации и ќе провериме кој е способен да оди. Сега сме во процес“, изјави неименуван функционер.
Помалку од половина од оние што испратиле барање ги пополниле своите апликации. Меѓу пријавените има и поранешни воени службеници и цивили што сакале да му помогнат на украинскиот народ во хуманитарни прашања.
Официјалниот претставник исто така ја пофали меѓународната поддршка за Украина, вклучително и онаа на Турција, која ја нарече инспиративна.
„Добиваме и материјална и морална поддршка. Турската поддршка е особено важна за нас. Ние сме посветени да ја браниме нашата земја“, рече тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека околу 16.000 странски доброволци ќе ѝ помогнат на Украина и дека првиот конвој набргу ќе пристигне во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

