Свет
Европол: Повеќе од 800 уапсени во меѓународна операција против криминал
Американските и австралиските власти разбија апликација што ја користат меѓународните криминалци за да читаат милиони криптирани пораки, при што беа уапсени стотина лица осомничени за криминал во 18 земји, соопштија австралиските власти.
Во операцијата „Иронсид“ австралиската полиција и Федералното биро за истраги на САД, уаспија осомничени лица во Австралија, Азија, Јужна Америка и на Блискиот Исток вклучени во меѓународна трговија со дрога, соопштија официјални лица.
Австралискиот премиер Скот Морисон рече дека операцијата му нанесе тежок удар на организираниот криминал.
„Ова е пресвртница во историјата на спроведување на законот во Австралија“, изјави Морисон пред новинарите во Сиднеј.
Австралискиот федерален комесар за полиција Рис Кершоу изјави дека во полициските рации во 18 земји биле уапсени стотина осомничени. Европол и ФБИ на социјалните мрежи соопштија дека ќе одржат прес-конференции во текот на денот.
Австралија соопшти дека уапсила 224 лица, вклучително и членови на забранети мото банди, а Нов Зеланд соопшти дека уапсила 35 лица. Во операцијата, која австралиската полиција и ФБИ ја подготвуваат од 2018 година, официјални лица во Соединетите Американски Држави ја презедоа контролата врз апликацијата за пораки „АНОМ“, која користи мрежи на организиран криминал.
Откако едно лице кое припаѓало на австралиското подземје, започнало да споделува телефонски броеви што ги содржела апликацијата како безбедно средство за комуникација, полицијата можела да ги следи нивните пораки. Бандите верувале дека системот е безбеден бидејќи телефоните како што сметале немале други опции, не се вчитувале функции на глас или камера, а апликацијата била шифрирана.
„Бевме во задните џебови на организираниот криминал. Сè за што зборуваат е дрога, насилство, меѓусебни напади, невини луѓе кои ќе бидат убиени“, рече Кершоу. Извршувајќи најголем број налози за пребарување за еден ден во Австралија, полицијата вчера заплени 104 парчиња огнено оружје, како и речиси 34,9 милиони долари во готово.
Поднесени се вкупно 525 обвиненија, но властите очекуваат да бидат поднесени уште повеќе во следните недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вашингтон одложил неколку испораки на оружје за Израел
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден одложи неколку испораки на оружје за Израел во изминатите две недели, изјави неименуван извор за Политико.
Изворот близок до администрацијата тврди дека Вашингтон на тој начин сака да испрати политичка порака до Тел Авив.
Белата куќа, се вели, не може да поддржи израелска офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа без соодветен и веродостоен хуманитарен план.
Одложените пратки вклучуваат опрема за наведувани бомби направени од Боинг, дизајнирани да бидат попрецизни.
Свет
(Видео) На аеродромите во Велика Британија илјадници патници блокирани: Проблемот е на „национално ниво“
Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка во граничните служби, пишува Дејли мејл.
Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите.
At Heathrow Airport and no one is allowed to get through passport security. The queue is way longer than this. Apparently the issue is a system outage. pic.twitter.com/QdGhlLezZS
— Roshane Thomas (@RoshaneSport) May 7, 2024
Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.
Big issues at Heathrow Passport Control with every single E-Gate not working. This is T3 pic.twitter.com/EkzcYGRckP
— Sam Morter (@SamuelMorter) May 7, 2024
Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците во редици дека тоа е национален проблем.
Fun at Heathrow T5. Computers down at border control. Massive queue. Staff trying their best to keep people informed and some very entitled people here! #heathrow #bordercontrol #T5 pic.twitter.com/kKk2SdUtT4
— Nikki Woodruff 💙 (@ManicPeanut) May 7, 2024
Една патничка за „Дејли мејл“ изјавила дека чекала ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.
Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.
Регион
Кси слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв
Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.
Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.
Домаќин на претседателот Кси Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.
За време на дводневната посета на Кси Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.
Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.
Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.