Свет
Ангела Меркел се надева дека нема да замине во историјата како мрзлива личност
По 16 години на чело на Германија, 66-годишната канцеларка Ангела Меркел има само една желба: да не зборуваат за неа дека била мрзлива.
Меркел, која заминува во пензија по парламентарните избори закажани за 26 септември, е позната како неуморен работник и издржлива во долгите преговори со лидерите од целиот свет или со официјални лица од германските региони.
Сепак, денес на форумот организиран од ВДР, на прашањето што не би сакала за неа да пишува во историските книги, таа кусо одговори: „Дека бев мрзлива“.
Меркел е една од омилените политички фигури на Германците и многумина се восхитуваат на нејзиниот отпор кон заморот затоа што беше во можност да не спие цела ноќ и да преговара.
Во 2015 година таа рече дека има капацитет за издржливост, но во одреден момент мора да се одмори. Таа е позната по тоа што сака да се консултира и да собира службени лица, дури и по цена на доцнење во донесувањето некои одлуки.
„Мојот метод на работа отсекогаш бил да создадам врски и да ги решавам несогласувањата преку разговор“, рече таа, што е поинакво од некои службеници, чие однесување се состои во создавање тензии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русите објавија фотографии: „Ова се американски АТАКМС во Русија, подготвуваме одговор“
Министерството за одбрана на Русија тврди дека Украина истрелала неколку американски ракети со долг дострел АТАКМС кон Русија во изминатите неколку дена.
Москва најавува одговор.
„Според потврдени податоци, во последните три дена украинските вооружени сили извршиле два напади со западно оружје со долг дострел на цели во Курската област“, соопшти Министерството за одбрана.
Во саботата, според Русите, Украина истрелала пет АТАКМС во областа Лотарјовка, 37 километри северозападно од Курск, гаѓајќи го противвоздушниот систем С-400.
„Две од нив ја погодија својата цел“, се вели во соопштението, додавајќи дека системот е оштетен, а луѓето се повредени.
Вчера, Украина, исто така, „изврши уште еден напад со осум АТАКМС на аеродромот Курск-Восточни“, се вели во соопштението. Едниот сигнал до цента, две лица се повредени, а инфраструктурата е оштетена.
„Руското Министерство за одбрана ја следи ситуацијата и подготвува одговори“, се вели во соопштението.
Министерството објави и фотографии од остатоци од ракетите АТАКМС во Русија, но нивната автентичност не е потврдена.
Свет
„Ова ја дисквалификува засекогаш, таа не може да ја води Америка“ – кампањата на Камала Харис должела 20 милиони долари по изборите
Извештаите покажуваат дека кампањата на американската потпретседателка Камала Харис е во долг од 20 милиони долари по недамнешните претседателски избори. Се очекува таа да им се обрати на финансиските директори на Демократскиот национален комитет среде оваа финансиска криза.
Главниот политички донатор Џон Морган изрази загриженост за трошењето на кампањата нагласувајќи дека донаторите сакале да го поразат Трамп, а не нужно да ја изберат Харис. Тој верува дека преголемото трошење, вклучувајќи 15 милиони долари за продукција на настани и 4 милиони долари за приватни авиони, е доказ дека Харис не треба да се кандидира повторно.
„Мислам дека ова ја дисквалификува засекогаш. Ако не можете да водите кампања, не можете да ја водите ниту Америка“, рече тој и навести дека тоа може негативно да влијае на кариерата на Камала Харис бидејќи донаторите се прашуваат каде отишле парите.
Додека извештаите за долгот се вознемирувачки, кампањата на Харис тврди дека нема неплатени долгови или сметки.
Линди Ли, член на финансискиот комитет, откри дека внатрешните борби довеле до тоа некои членови да ја напуштат партијата.
Свет
Лавров: НАТО ги премина сите граници на пристојност, веќе јавно ги покажува своите вистински намери
Министерот за надворешни работи на Русија го критикува НАТО за изјавите за можноста за превентивни удари врз Русија.
Тој денес на состанок со шефовите на безбедносните агенции и разузнавачки служби соопшти дека шефот на воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, ги објавил вистинските намери на алијансата кога рекол дека размислува за изведување превентивни удари врз Русија во случај на можен вооружен конфликт, пренесува ТАСС.
„Шефот на воениот комитет на НАТО отворено рече дека за да ги остварат целите на заштита и одбрана на земјите членки на НАТО, треба превентивно да изведат напади врз цели во Русија, кои, според мислењето на НАТО, може да претставуваат закана за земјите членки на алијансата. Мислам дека тука нема што да се коментира. Ја преминаа границата на секоја пристојност и веќе јавно ги изнесуваат вистинските намери“, рече Лавров.
Претходно, на конференција во Центарот за европска политика во Брисел, шефот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, повика на производство на повеќе оружје за да се извршат прецизни удари длабоко во Руската Федерација во случај на конфликт, пренесе ТАСС.