Свет
Бајден: Договорот за заложниците во Газа е во рацете на Хамас
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека договорот за заложниците е во рацете на Хамас и дека итно е потребен привремен прекин на огнот во Појасот Газа пред Рамазан, муслиманскиот месец на постот.
„Ако дојдеме во ситуација ова да продолжи за време на Рамазан, тоа може да биде многу, многу опасно“, им рече тој на новинарите во вторникот.
„Договорот за заложниците во моментов е во рацете на Хамас“, рече тој. Претставниците на САД, Катар и Египет преговараат за привремен прекин на огнот со Хамас во Каиро. Израел не е директно вклучен во разговорите, а имаше и спротивставени изјави за тоа дали е постигнат напредок.
Прекинот на огнот во Газа ќе ја олесни размената на заложниците, кои таму ги држат милитантите на Хамас, за палестинските затвореници во Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Валери Залужни назначен за амбасадор на Украина во Велика Британија
Поранешниот врховен командант на украинската армија Валериј Залужни денеска е назначен за украински амбасадор во Велика Британија.
Указот за назначување на Залужни беше потпишан од украинскиот претседател Зеленски, кој претходно во март објави дека ја прифатил неговата кандидатура за функцијата, пренесува UNIAN.
Зеленски на 8 февруари го разреши Залужни од позицијата врховен командант на вооружените сили, наведувајќи го неуспехот на летната офанзива и „стагнацијата“ на ситуацијата на фронтот.
Свет
Поради строгите мерки за штедење во Аргентина, индустриското производство нагло падна
Индустриското производство во Аргентина драстично падна во март, покажаа податоците на заводот за статистика INDEC, што ги одразува последиците од строгите мерки за штедење што ги спроведе новата влада на претседателот Хавиер Мајли.
Во март производството паднало за 21,2 отсто во однос на истиот период лани.
Производството на мебел потона за повеќе од 40 отсто, на електроника и алати за речиси 43 отсто, а на метални производи и машини за речиси 33 отсто. Производството на неметални минерали и основни метали е намалено за околу 35 отсто, а на автомобили и транспортни средства за 25 отсто, покажуваат податоците на INDEC.
На месечно ниво, производството се намали за 6,3 отсто, најсилно од мај во пандемијата 2020 година, кога потона за 26,2 отсто. Во првите три месеци од годинава падна за речиси 15 отсто на годишно ниво, објави заводот за статистика.
Свет
Две украински хидроцентрали беа онеспособени во руските напади
Две украински хидроцентрали се онеспособени откако руските вооружени сили ги нападнале, соопшти украинската компанија „Укрхидроенерго“.
„На 8 мај беше направена значителна штета на хидроцентралите. Две хидроцентрали беа онеспособени“, се вели во соопштението на каналот Телеграм на компанијата.
Се додава дека хидроенергетското производство на Украина „претрпело огромни штети“, и дека поправката на уништената опрема ќе бара „голем напор и значителни финансиски средства“, пренесува украинската агенција УНИАН.