Свет
Бајден за копнената инвазија: Израелците сами донесуваат одлуки
За време на посетата на австралискиот премиер на Вашингтон, американскиот претседател Џо Бајден беше прашан од новинарите дали бара Израел да ја одложи копнената инвазија.
Бајден одговори: „Израелците сами одлучуваат“.
Израел со денови сигнализира дека неговите масивни сили се подготвени да влезат во Газа со цел да го елиминираат Хамас како воена сила по неговиот напад на 7 октомври врз јужен Израел. Претходно, во вторникот, израелскиот премиер изгледаше дека навести оти набргу доаѓа копнена инвазија.
„Се соочуваме со следната фаза, таа доаѓа“, им рекол Бенјамин Нетанјаху на војниците, според соопштението за печатот од неговата канцеларија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Дизелдорф експлодираше киоск, при што загинаа три лица, а 16 беа повредени
Три лица загинаа, а 16 се повредени при експлозија на киоск во текот на ноќта во станбена зграда во германскиот град Дизелдорф, јавуваат германските медиуми.
Според нив, од 16-те повредени двајца се во животна опасност по експлозијата и пожарот во станбената зграда.
Од противпожарната служба соопштија дека киоскот е целосно опожарен, а пожарот се проширил на првиот кат од станбената зграда.
Европа
Фицо погоден со два куршума, едниот му поминал низ стомакот, Словаците шокирани: „Немаме зборови“
Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан вчера по состанокот на владата, на речиси 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ. Премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница.
Според последните информации на словачките медиуми, Фицо бил опериран и буден, а операцијата траела пет часа. Напаѓачот е уапсен на самото место и се вели дека е 71-годишниот Јурај Цинтула, словачки писател. Атентаторот на распит рече дека пукал во премиерот затоа што не се согласувал со политиката на владата.
Цинтула е основач на Литературниот клуб „Духа“ и член на Друштвото на словачките писатели. „Скај њуз“ пишува дека се верува дека атентаторот е поранешен чувар.
Додека Словаците утрово патуваа на работа, многумина сè уште се обидуваа да се справат со веста за атентатот. „Немам зборови за ова. Ова никогаш не требаше да се случи во 21 век, без разлика за кого гласате“, рече Марија Сабо, сопственичка на продавница во главниот град Братислава.
„Нашата земја оди во погрешна насока“, додаде таа.
Вицепремиерот Томаш Тараба потврди за Би-би-си дека животот на Фицо повеќе не е во опасност.
Тој рече дека едниот куршум поминал низ стомакот, а другиот го погодил во зглобот.
Министерот за одбрана Роберт Калинак на прес-конференција најави дека во текот на денот ќе даде повеќе информации за состојбата на премиерот Роберт Фицо., а сега оди во Братислава на седницата на владиниот совет за безбедност, која почнува во 11 часот.
Регион
Пленковиќ: Бејби Лазања добива 50.000 евра од Хрватска
Бејби Лазања ќе добие 50.000 евра од Хрватска за одличниот пласман на Евровизија 2024 година.
Оваа вест ја соопшти техничкиот премиер, Андреј Пленковиќ.
„Искрени честитки до Марко Пуришиќ, чие уметничко име е Бејби Лазања, за неговиот фасцинантен успех на Евровизија, каде што освои најголем број гласови од публиката, а се најде на второто место во целина. Ова е најголемиот успех на независна Хрватска од настапот на групата ‘Рива’“, рече Пленковиќ на 306. седница на владата и додаде:
„Му благодариме на Загреб за прекрасниот пречек, како и на Умаг, тоа беа навистина прекрасни слики од успехот на еден млад човек и навистина му посакуваме многу, многу успех во неговата понатамошна работа“.