Европа
Бајден ѝ се обрати на нацијата: Американската демократија е нападната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/Bajden-1.jpg)
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, се обрати до нацијата и предупреди дека американската демократија е нападната од предизвикувачи на изборите, кои се натпреваруваат за позиции на сите нивоа.
За време на обраќањето, Бајден се осврна и на нападот врз домот на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, во кој беше повреден нејзиниот сопруг, кој беше дома.
„Во ранецот имал пластични лисици, селотејп, јаже и чекан. На полицијата ѝ кажал дека дошол да ја бара Ненси Пелоси, да ја киднапира и испрашува, да ѝ се заканува дека ќе ѝ ги скрши колената“, рече Бајден.
Тој нагласи дека Пелоси е трет највисок функционер на Соединетите Американски Држави.
„Ова заплашување, ова насилство врз демократите, републиканците и непартиските функционери, кои само си ја вршат работата, е резултат на лаги кажани за моќ и профит, лаги на заговор и злоба, лаги што постојано се повторуваат за да се создаде циклус на бес и омраза, па дури и насилство“, рече Бајден.
Тој посочи дека САД мора да се соочат со вистината бидејќи од неа зависи иднината на американската нација.
„Американската демократија е нападната затоа што поразениот поранешен претседател на Соединетите Американски Држави одби да ги прифати резултатите од изборите во 2020 година“, рече Бајден и додаде дека поранешниот американски претседател одбива да ги прифати волјата на народот и фактот дека изгубил.
Минатонеделната рација во домот на Пелоси и нападот врз нејзиниот сопруг, кој беше дома, Бајден го спореди со нападот на Капитол.
„Напаѓачот влегол во куќата прашувајќи: ‘Каде е Ненси? Каде е Ненси?’ Тоа беа истите зборови што толпата ги употреби кога упадна во американскиот Капитол на 6 јануари. Ние не ги решаваме нашите разлики во Америка со бунт, толпа, куршум или чекан. Ги решаваме мирно на гласачката кутија. Многу нешта се на коцка на овие избори, но во прашање е нешто друго: самата демократија“, рече Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
(Видео) Дрон сними ајкула во близина на плажа, капачите веднаш излегле од водата: паника во Шпанија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/ajkula-spanija.jpg)
Ново забележување ајкула доведе до затворање уште две плажи во Шпанија, а предатори се забележани кај брегот на Гран Канарија.
Спасувачите им наредиле на капачите да излезат од водата на плажата Меленара на источниот брег на островот, втор ден по ред, кога полициски дрон забележал ајкула на плажата набргу откога повторно била отворена вчераутро.
Забраната за пливање е проширена и на соседната плажа Салинетас, пишува „Дејли мејл“.
И околу два часа подоцна спасувачите подигнаа црвено знаме на трета локација – плажата Сан Аугустин на југот на островот – откога турист ја фотографира перката на ајкула која излегува од водата.
Веднаш не беше јасно дали големата риба е истата што ги исплаши капачите на плажата Меленара во саботата околу 17 часот и доведе до првото затворање на плажата.
Вчераутро накратко беше отворена за пливање пред второто затворање околу 13 часот кога дронови на локалната полиција забележаа ајкула во близина на пристаништето Талијарте до плажата Меленара.
Локалната полиција потврди по второто, многу појасно видување преку дронот, во истата област вчера околу 17 часот дека се работи за ајкула чекан, истиот вид што предизвика паника во саботата кога се појави во близина на брегот.
Тие можат да бидат долги и до шест метри.
Европа
Русија: Договараме размена на затвореници со Америка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gerskovic-peskov.jpg)
Кремљ денеска соопшти дека се остварени контакти со САД за можна размена на затвореници, во која би бил и Еван Гершкович, известувач на „Волстрит џурнал“, но дека медиумите не треба да добиваат дополнителни детали за нив.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го цитира рускиот претседател Владимир Путин дека рекол на состанокот со уредниците на меѓународните новински агенции претходно овој месец оти Русија и САД биле во контакт за ова прашање.
„Сакам повторно да ве потсетам на разговорот на претседателот со шефовите на новинските агенции во Санкт Петербург, тој потврди дека има такви контакти. Тие продолжуваат, но треба да продолжат во целосна тишина. Затоа, никакви соопштенија, изјави или информации за ова прашање не може да бидат дадени“, рече Песков.
На прашањето зошто судењето на Гершкович за шпионажа се одвива зад затворени врати, Песков рече дека не може да коментира за такви работи бидејќи тоа е судска одлука. „Тоа е одлука на судот. Не можеме да го коментираме тоа“, рече тој.
Гершкович (32) беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ) на 29 март 2023 година во уралскиот град Екатеринбург, 1.400 километри источно од Москва, под обвинение за шпионажа, што носи до 20 години затвор.
Гершкович, првиот американски новинар што беше приведен под обвинение за шпионажа од крајот на Студената војна пред повеќе од три децении, постојано ги негира обвинувањата.
Европа
Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/germanija.jpg)
Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на ЕП, оној против Албанија, полицијата застрела и уби еден маж. Германските полицајци биле принудени на тоа, бидејќи мажот сакал со секира да нападне случајни минувачи во фан-зоната за време на Првенството.
Напаѓачот во Хамбург прво ги нападнал навивачите со секира, а потоа ги нападнал и обезбедувањето.
Полицијата прво употребила солзавец, а потоа пукала. Еден од истрелите на полицаецот бил предупредувачки, а вториот го погодил.
Наспроти првичните вести, нападот очигледно нема никаква врска со Европското фудбалско првенство.
„Местото на нападот е далеку од просторот каде се следат првенствените натпревари. Нема индиции дека напаѓачот има врски со некоја од навивачките групи“, соопштија од полицијата.
Денеска во Хамбург се игра натпреварот помеѓу Полска и Холандија и градот е преполн со навивачи на двата табора.