Европа
По смртта на Берлускони, се наѕира раздор во кабинетот на Мелони
Смртта на италијанскиот политички ветеран и поранешен премиер Силвио Берлускони, најверојатно, ќе ја оспори кохезијата на коалициската влада во земјата. Уште поголем раздор се наѕира во кабинетот на премиерката Џорџија Мелони по смртта на лидерот на партијата Форца Италија на 86-годишна возраст. Берлускони се сметаше за модератор и помирувач во десничарската коалиција во Рим.
„Сигурно ќе биде потешко бидејќи успеа да ги натера сите да се согласуваат, да размислуваат на ист начин“, рече Матео Салвини, вицепремиер и шеф на десничарската популистичка партија Лига. Лигата на Салвини е многу помал партнер во коалиција на Мелони, но нешто поголема од Напред Италија, која Берлускони ја основаше и ја водеше до неодамна.
Кога италијанските медиуми ја прашаа Мелони дали владата ќе успее да избегне борба без Берлускони како лепило меѓу партиите, таа одговори: „Ние му го должиме тоа“. „Едно е јасно – прашањето е колку долго Напред Италија ќе има иднина без Берлускони“, смета Нино Галети, шеф на германскиот политички тинк-тенк од канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Рим.
Партијата со години губи гласачи и претставници, само Берлускони во последно време ја одржуваше заедно благодарение на неговата харизма и сеќавањето на претходните успеси. Галети рече дека може да предвиди две сценарија – едното е дека италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани засега успева да ја спаси партијата.
„Или Напред Италија бргу ќе се распадне бидејќи многу претставници пребегнуваат во други партии. Тешкото јадро, веројатно, ќе остане, но тогаш тие ќе бидат сè повеќе политички ирелевантни“, рече Галети.
Ако партијата на Берлускони се распадне, Мелони би можела да ја искористи за да ги придобие гласачите. Изгледите се добри, на последните парламентарни избори партијата на Берлускони веќе освои голем број гласови, велат познавачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.