Свет
Палестинците тврдат дека израелската армија фрла забранети фосфорни бомби, пали домови и го држи центарот за итни случаи под опсада

Најмалку 24 цивили загинаа, а многу се повредени, во синоќешните израелски напади врз домови и области во кои раселените лица се наоѓаат во близина на Европската болница во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа, со што бројот на загинати во средата се искачи на 55, јавува агенцијата ВАФА.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги гранатираа и источните делови на Кан Јунис, како и неколку области во центарот на Појасот Газа. ВАФА наведува дека израелските воздухопловни сили фрлиле меѓународно забранети фосфорни бомби на и околу пазарот во Џабалија, а локалните медиуми објавија дека припадници на ИДФ во нападите во тој град и неговиот бегалски камп упаднале во домовите на граѓаните, ги избркале и потоа запалиле неколку куќи.
Палестинската Црвена полумесечина извести дека ИДФ го опколила центарот за итни случаи „Ал Галија“, во кој биле сместени 127 цивили, вклучително и медицински персонал, и 22 ранети.
Граѓаните на градот Џабалија наводно закопале тела на 30 неидентификувани лица во текот на утрото, јавува ВАФА повикувајќи се на извори.
Бројот на загинати во Појасот Газа од почетокот на израелската агресија на 7 октомври се искачи на најмалку 20.000, од кои 8.000 деца и 6.200 жени, а бројот на ранетите достигна 52.600.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Авион на Американ Ерлајнс принудно слета во Рим поради закана за бомба: го придружуваа два воени авиони

Авион на Американ Ерлајнс на летот од Њујорк до Делхи принудно слета на аеродромот Фиумичино во Рим поради закана за бомба.
Во авионот има 285 патници.
Footage of AAL292 that's being escorted by fighter jets. https://t.co/WO7gaN0Z14 pic.twitter.com/Hu8odFcQZj
— 南洋辉叔 Uncle Hui (@alexcmhwee) February 23, 2025
На видео кое кружи на интернет се гледа како авионот лета придружуван од два борбени авиони.
Ова е стандардна процедура која се прави од безбедносни причини во вакви ситуации.
Сите служби на аеродромот во Рим се во состојба на готовност.
Европа
Објавени излезните анкети во Германија: ЦДУ има 29 отсто, АфД 19,5

Според првите излезни анкети, партиите на Унијата ЦДУ/ЦСУ освоиле 29 отсто од гласовите, а потоа АфД со 19,5 отсто од гласовите. СПД е на трето место со 16, а Зелените на четврто со 13,5 отсто.
Како што претходно објави Дојче Веле, 52 отсто од вкупно 59,2 милиони гласачи гласале на избирачките места до 14 часот. Ова не ги вклучува оние кои претходно гласале по пошта. Ова е значително повеќе отколку во септември 2021 година, кога до 14 часот гласале 36,5 отсто од гласачите. Одѕивот е поголем отколку на изборите пред пандемијата во 2017 година, кога гласале 41 отсто од гласачите.
„Ова покажува дека има голем интерес за изборите“, изјави Федералната изборна комесарка Рут Бренд.
Свет
Драма на лет од Њујорк поради закана од бомба: авионот принудно слета во Рим

Авион на Американ Ерлајнс кој летал од Њујорк до Делхи бил пренасочен на аеродромот Фиумичино во Рим поради закана за бомба.
Авионот моментално слетува на аеродромот во Рим и сите служби се во состојба на готовност.
Во авионот има 285 патници.
Two Italian Eurofighters escorted American Airlines flight AAL292 (NYC–Delhi), which diverted to Rome after turning back over the Caspian Sea due to a bomb threat.
➡️ https://t.co/rmhiNInOtmhttps://t.co/6dznFG6d8M— itamilradar (@ItaMilRadar) February 23, 2025
Податоците од „Флајтрадар“ покажуваат дека авионот свртел и моментално слетува во Рим.