Свет
Венецуела: Караван од протерани американски дипломати се упати кон аеродромот
Американски официјални претставници соопштија дека некои американски дипломати и нивните семејства се упатиле во караван до аеродромот во главниот град на Венецуела, по дипломатскиот судир со претседателот Николас Мадуро.
Писмото напишано од страна на офицерот за безбедност на американската амбасада, во кое се бара придружба од венецуелската полиција за 10 возила, претходно денеска се појави на социјалните мрежи, објави агенцијата АП.
Мадуро во средата им даде на американските дипломати 72 часа за да ја напуштат земјата и да ја затворат својата амбасада, најавувајќи дека ќе ги прекине дипломатските односи поради одлуката на администрацијата на Трамп да го признае Хуан Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела.
Администрацијата Трамп ги отфрли овие барања и соопшти дека амбасадата ќе остане отворена.
Сепак, вчера беше соопштено дека ќе се намали бројот на вработени поради загриженост за безбедноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и кичмата.
Таа била итно префрлена во КЦ Ниш на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница каде е во тек понатамошна дијагностика, додека другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Свет
Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност
Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, Москва ја смета за крајно провокативна петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, во која се апелира да се поканат странски војници во Украина.
„Сметаме дека ова во најмала рака е крајно провокативно и го следиме многу внимателно“, рече Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина на барање на Киев доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, многу земји од ЕУ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.
Медиумите претходно објавија и дека Франција испратила војници од својата Легија на странци во Украина, пренесува „Танјуг“.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.