Свет
(Видео) Разнесена клучна брана кај Херсон, го снабдува Крим со вода: наредена итна евакуација
Украинската јужна оперативна команда рано утринава извести дека руските сили ја разнеле хидроцентралата „Каховка“. На социјалните мрежи се споделуваат видеа од наводната експлозија и масата на вода што се прелева над остатоците од браната.
Руските власти ја демантираат информацијата и тврдат дека видеата се лажни.
„Сѐ е тивко и мирно. Ништо не се случува“, изјави за „РИА новости“ градоначалникот на Нова Каховка, Владимир Леонтиев.
#BREAKING: The moment that the Nova Kakhovka dam was blown up was purportedly captured on video. If this footage is real, it would certainly refute claims that there was no explosion. pic.twitter.com/GMaarExZEn
— Ukraine Front Lines (@EuromaidanPR) June 6, 2023
Подоцна, пак, рече дека од гранатирањето бил уништен само горниот дел од хидроцентралата, но дека браната на акумулацијата не е уништена.
„По уривањето на хидроцентралата низводно, нивото на водата порасна 2,5 метри, службите се на терен“, додаде тој.
Хидроцентралата „Каховка“ се наоѓа на пет километри од Нова Каховка во регионот Херсон. Уништувањето на браната може да резултира со смрт на илјадници луѓе, пишува руската државна агенција РИА.
Ukraine’s Southern Operational Command reported early on June 6 that Russian forces blew up the Kakhovka Hydroelectric Power Plant.
“The scale of the destruction, the speed and volumes of water, and the likely areas of inundation are being clarified,” the military said on their… pic.twitter.com/xIAEivrOTq
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) June 6, 2023
Леонтиев тврдеше дека евакуацијата на населението од градот не е неопходна, но дека можеби ќе треба да ги евакуираат населбите лоцирани низводно – Корсунки и Днепар, како што прецизира.
„Ќе бидеме подготвени, доколку треба, да извлечеме луѓе. Но, нема да има катастрофа“, увери тој.
Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Днепар како дел од хидроцентралата „Каховка“. Содржи резервоар што го снабдува со вода Крим, кој Русија го анектира во 2014 година, и нуклеарната централа „Запорожје“, која исто така е под руска контрола.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе одржи итен состанок, објави на „Твитер“ секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Олексеј Данилов.
Руската новинска агенција „Тас“, повикувајќи се на итните служби, јавува дека 80 населени места би можеле да бидат погодени од поплави.
Оштетувањето на браната може да доведе до проблеми со снабдувањето на Крим, изјави прорускиот градоначалник на Нова Каховка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети најверојатно биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата Телеграм.
Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Свет
Силен земјотрес го погоди Тајван
Тајван беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер во 9:45 часот.
ЕМСЦ наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и 38 километри оддалечен од Хуалиен, кој има 350.000 жители.
Засега нема информации за значителна материјална штета или жртви.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.