Свет
(Видео) Бразилците удираа по тенџериња протестирајќи за време на обраќањето на претседателот Болсонаро
Бразилците во знак на протест излегоа на улиците во неколку градови и удираа по тенџериња кога претседателот Јаир Болсонаро ѝ се обрати на нацијата.
Ова се случи само неколку дена откако демонстрантите излегоа на улиците низ целата земја бесни поради реакцијата на земјата на пандемијата, во која досега животот го изгубиј речиси половина милион луѓе.
Само вчера речиси 100.000 Бразилци се заразиле со коронавирус и 2.507 починале, според владините податоци. Претходно, Националниот врховен суд одобри кривична истрага против министерот за животна средина за наводно попречување на полициската истрага за нелегална сеча, наведе „Ројтерс“.
Во синоќешниот телевизиски говор Болсонаро кратко сумираше некои неодамнешни достигнувања на неговата влада и вети силен економски раст во иднина. Тој исто така рече дека сите Бразилци кои сакаат вакцината ќе можат да ја добијат до крајот на годината.
Во саботата илјадници учествуваа на протести во најмалку 16 градови низ земјата, организирани од левичарски политички партии, синдикати и студентски здруженија. Во Сао Паоло, најголемиот град во Бразил, илјадници маскирани луѓе блокираа една од најголемите авении во градот, носејќи голем балон на кој Болсонаро беше прикажан како вампир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

