Европа
(Видео) Досега невидена снимка од Путин: играше пикадо и пинг-понг, па отиде на риболов
Се појави видео на кое се гледа како сегашниот руски претседател Владимир Путин е во посета на Финска на почетокот на 90-тите. Финскиот радиодифузен сервис YLE доби како никогаш досега виден аматерски филм од анонимен извор. Видеото е направено набргу откако Путин, кој тогаш имал 40-ина години, станал советник на Анатолиј Собчак, градоначалникот на Санкт Петербург.
Путин и Собчак на снимката играат пинг-понг против телохранителите на градоначалникот. Путин во еден момент се насмевна. Потоа отиде на риболов. Путин е свртен со грбот кон камерата, иако јасно е свесен дека го снимаат, пишува „Гардијан’.
Archival videos of Putin from the early 1990s were published by Finnish broadcaster Yle
“A unique home archive shows how Putin spent his free time at a luxury villa in southern Finland during the collapse of the Soviet Union.”
At the time, Putin was head of the foreign… pic.twitter.com/WJYX8pi1U4
— NEXTA (@nexta_tv) September 24, 2023
На враќање сопругата на Путин во тоа време, Људмила, ја вади уловената риба. Во видеото се гледаат и нивните две ќерки, Марија и Катерина. Путин потоа игра пикадо. Филмот е снимен во угостителска вила во сопственост на финската компанија „Томесто“, која увезувала дрва од Русија.
Вилата се наоѓала на островот Торсо, околу 95 километри западно од Хелсинки, на јужниот брег на Финска. Инаку, сегашниот руски претседател се врати во Ленинград – сегашен Санкт Петербург – во 1990 година по поминати пет години како разузнавач на КГБ во источногерманскиот град Дрезден.
Тој му се приклучи на тимот на Собчак и стана шеф на Комитетот за надворешни односи, одговорен за трговски прашања и странски инвестиции. Од тој период датираат и првите обвинувања против Путин за корупција. Путин тврди дека поднел оставка од КГБ во август 1991 година во знак на протест поради неуспешниот пуч против Михаил Горбачов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.