Свет
(Видео) „Еве си ги пакуваме куферите“: муслиманите во Холандија му се потсмеваат на новиот премиер
На изборите за Претставничкиот дом во Холандија најмногу гласови освои десничарската Партија на слободата (ПВВ) предводена од Герт Вилдерс.
Новоизбраниот премиер претходно изјави дека откако ќе дојде на власт, ќе го забрани Куранот, одлука која е привремено стопирана. Хабиб ел-Кадури, водач на организација што ги претставува холандските Мароканци, рече дека вознемиреноста и стравот се огромни во неговата заедница, која сочинува пет отсто од населението во Холандија.
“Geert Wilders won, I’m going back to my country”, says this Muslim with the suitcase in his hand. pic.twitter.com/USjtAMQMHh
— RadioGenoa (@RadioGenoa) November 23, 2023
Токму поради оваа причина многу муслимани во Холандија почнаа да се фотографираат и да се снимаат, па веќе ги пакуваат куферите и ја напуштаат земјата, сега кога Вилдерс е избран за премиер. Овие фотографии се проширија на социјалните мрежи, каде што стануваат вирални.
Многу муслимани во препознатлива облека објавуваат фотографии на кои се со куфер во раката гледајќи го новиот премиер на телевизија.
„Холандија е во сигурни раце, новиот премиер е целосно десничар и најмрачниот кошмар на муслиманите“, се вели на една фотографија.
„Герт Вилдерс победи, се враќам во мојата земја“, иронично вели друг муслиман, сликан со куфер во раката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран разгледува гаснење на нуклеарната програма и трансфер на ураниум во Русија
Двајца ирански функционери изјавиле за „Њујорк тајмс“ дека е можен драматичен нуклеарен компромис меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, кој би вклучувал суспензија или целосно гаснење на иранската нуклеарна програма.
Според наводите, Техеран ја фаворизира идејата за регионален нуклеарен конзорциум, при што збогатувањето на ураниумот би се вршело надвор од Иран, а постои можност веќе збогатениот ураниум да биде префрлен во Русија, слично на аранжманите од нуклеарниот договор од 2015 година.
Иранските функционери наведуваат дека целта на ваков компромис би била намалување на тензиите, во услови на закани со американски воен напад. Како дел од дипломатските контакти, Али Лариџани пренел лична порака од врховниот лидер Али Хамнеи до рускиот претседател Владимир Путин за време на неодамнешна средба во Москва.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјавил дека ова прашање одамна е на дневен ред.
Извештајот доаѓа во пресрет на најавените разговори во Истанбул меѓу американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, кои, според „Тајмс“, овојпат би требало да се водат директно меѓу двете делегации.
Одделно, високиот советник на Хамнеи, Али Шамкани, изјавил дека постои можност за избегнување катастрофа доколку предлозите бидат без закани и со разумни услови, нагласувајќи дека разговорите се во рана фаза и дека нуклеарното прашање мора да остане единствен фокус.
Свет
Трамп му се заканува на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно испрати силна порака до Иран, предупредувајќи дека ако преговорите не успеат, „веројатно ќе се случат лоши работи“. И покрај заканите, тој потврди дека разговорите се во тек.
„Во моментов имаме бродови што пловат кон Иран, големите, најголемите и најдобрите. Разговараме со Иран и ќе видиме како ќе заврши“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. Тој додаде дека договорот би бил „одличен“, но дека ќе има последици ако не се случи. „Ако не го сториме тоа, веројатно ќе се случат лоши работи“, рече тој, пренесува Анадолија.
Дипломатската активност се интензивираше во последните денови. Axios објави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се очекува да се сретнат во Истанбул во петок.
Се очекува средбата да биде дел од обновените напори за решавање на прашањето за нуклеарната програма на Иран. Извори запознаени со подготовките потврдија дека тие се во тек, но еден од нив забележува дека плановите сè уште не се конечни и се предмет на промена.
Турција, Египет и Катар одиграа клучна улога во посредувањето и олеснувањето на контактите меѓу Вашингтон и Техеран во последните денови. Арагчи веќе беше во Истанбул минатиот петок, каде што се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Хакан Фидан.
Иако немаше официјални најави, иранската новинска агенција Тасним објави дека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан наредил продолжување на нуклеарните разговори со САД, во кои учествуваат високи претставници од двете земји.
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

