Свет
(Видео) Над 50 кита пцовисаа на плажа во Шкотска: „Сѐ поради една женка“
Група од 55 кита пцовисаа по масовно заринкување на брегот на плажа во Шкотска. За жал, речиси сите пцовисале или биле евтанизирани за да им се скратат маките бидејќи спасувачите не можеле да им помогнат. Наодите од обдукцијата се чекаат, но експертите веруваат дека ја знаат причината за нивното заглавување.
Морските спасувачи беа повикани на местото на настанот на островот Луис по извештаите дека десетици цицачи се во неволја.
Reckoned to be about 55 pilot whales stranded on Traigh Mhor at North Tolsta in the Isle of Lewis this morning. pic.twitter.com/yokwcnTQLO
— Angus B MacNeil MP🇺🇦 (@AngusMacNeilSNP) July 16, 2023
Првичните извештаи сугерираа дека група од речиси 55 животни, составени од возрасни и младенчиња, биле на плажата, но набргу било откриено дека само 15 сѐ уште се живи.
Британски нуркачи за спасување морски животни се обиделе да извлечат два кита, кои давале знаци на живот и биле поактивни во подлабоките води и еден успеал да побегне. Меѓутоа, вториот подоцна повторно се заглавил и умрел, а истата судбина ја доживеале уште тројца. Околу 15.30 часот е одлучено преостанатите китови да бидат евтанизирани за да им се намалат маките.
Причината за заринкувањето не е позната, но се претпоставува дека китовите можеби следеле една од женките.
„Се чини дека една од мртвите женски китови имала вагинален пролапс – така што во моментот се претпоставува дека целата група била заглавена поради една женка, која се породила“. Пилот-китовите се познати по својата силна социјална поврзаност, па често кога еден кит ќе западне во неволја и ќе заринка, другите го следат“, „Индипендент“ го цитира соопштението на BDMLR.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Премиерката на Бангладеш: Сопствениците на фабрики да се откажат од луксузот заради вработените
Премиерката на Бангладеш Шеиха Хасина за време на своето обраќање по повод празникот Први мај ги повика сопствениците на текстилните фабрики и другите фабрики од Бангладеш да ги подобрат условите за работа на своите вработени со тоа што ќе се откажат од дел од својот луксуз.
„Сакам сопствениците (фабриките) да посветат посебно внимание на работниците, намалувајќи го малку нивниот луксуз, бидејќи работниците ви дадоа простор да водите луксузен живот со зголемување на производството со нивната напорна работа“, рече Хасина.
Таа, исто така, ги предупреди работниците да ги игнорираат повиците за штрајк бидејќи „на тој начин работниците понекогаш всушност си нанесуваат штета себеси, на своите семејства, на земјата и на сопствениците на фабриките“, пренесува агенцијата БСС.
Свет
Уривање на дел од автопат во Кина: Најмалку 24 лица загинаа, 30 се повредени
Најмалку 24 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јавија кинеските медиуми.
„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, пренесува АП.
Според американската агенција, околу 11:45 часот по локално време под урнатините биле пронајдени 18 автомобили.
Свет
Блинкен им порача на Израел и Хамас дека е време за прекин на огнот
Државниот секретар на Соединетите Држави (САД) Ентони Блинкен се состана со израелските лидери на 1 мај, за време на посетата на Израел, а во таа прилика му порача на претседателот на земјата дека „е дојдено времето“ за договор за прекин на огнот во војната во Газа.
Ова е седма посета на Блинкен од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската Унија уште од октомври.
Блинкен се обидува да постигне договор кој би ги ослободил заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во замена за прекин на борбите. Како дел од договорот се очекува да бидат ослободени и палестинските затвореници.