Свет
(Видео) Пред 13 години се случи најголемата нуклеарна катастрофа по Чернобил
Кога силен земјотрес и цунами ја погодија Јапонија на 11 март 2011 година уништувајќи градови и предизвикувајќи топење на јадрата на нуклеарните реактори во Фукушима, светот со ужас ја гледаше хаотичната борба со најголемата нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил. Разорните бранови од земјотресот со јачина од 9 степени по Рихтер го погодија североисточниот брег на земјата, при што загинаа речиси 20.000 луѓе и ја уништија нуклеарната централа „Фукушима“.
Повеќе од 160.000 луѓе избегаа од радијацијата. Во тоа време, некои, вклучително и премиерот Наото Кан, стравуваа дека и Токио или некои други градови ќе мора да бидат евакуирани. Кијоши Курокава ја водеше истрагата, која заклучи дека човек е одговорен за катастрофата.
13 години откако радијацијата принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во Фукушима, некои градови во регионот сè уште се борат со тоа како да го обноват животот во заедницата. Во 12 отсто од префектурата Фукушима не беше дозволен пристап по катастрофата и околу 165.000 луѓе ги напуштија своите домови или за време на евакуацијата или доброволно.
Оттогаш многубројни области се прогласени за безбедни по темелна деконтаминација и на луѓето им се нудат стимулации да се вратат. Но, многумина се двоумат.
Многу луѓе не сакаат да се вратат поради страв од радијација и недоверба во деконтаминацијата. „Не е дека нема да се вратам. Уште повеќе што не можам да се вратам“, рече Мегуми Окада, која во моментот на катастрофата беше бремена со своето трето дете и замина иако беше надвор од официјалната зона за евакуација. „Да бев сама, ќе се вратев дома“, додаде 38-годишната, сега мајка на четири деца, која живее во Токио.
„Но, како мајка сакам да избегнам ризици за моите деца“.
Речиси две третини од евакуираните од Фукушима не планираат да се вратат, според истражувањето на Универзитетот „Квансеи Гакуин“ во 2020 година. „Многумина велат дека не може да веруваат во деконтаминацијата и нивната недоверба во владините мерки е длабока“, рече Јоко Саито, вонреден професор, кој учествуваше во анкетата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уривање на дел од автопат во Кина: Најмалку 24 лица загинаа, 30 се повредени
Најмалку 24 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јавија кинеските медиуми.
„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, пренесува АП.
Според американската агенција, околу 11:45 часот по локално време под урнатините биле пронајдени 18 автомобили.
Свет
Блинкен им порача на Израел и Хамас дека е време за прекин на огнот
Државниот секретар на Соединетите Држави (САД) Ентони Блинкен се состана со израелските лидери на 1 мај, за време на посетата на Израел, а во таа прилика му порача на претседателот на земјата дека „е дојдено времето“ за договор за прекин на огнот во војната во Газа.
Ова е седма посета на Блинкен од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската Унија уште од октомври.
Блинкен се обидува да постигне договор кој би ги ослободил заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во замена за прекин на борбите. Како дел од договорот се очекува да бидат ослободени и палестинските затвореници.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.