Свет
Две лица починале по пиење додаток за намалување на крвниот притисок: најмалку 100 луѓе се во болница во Јапонија
Смртта на две лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија е поврзана со пиење додатоци во исхраната од црвен ориз на фармацевтската компанија „Кобајаши“, соопшти јапонското Министерство за здравство.
Производител на лекови со седиште во Осака вчера објави дека едно лице починало од бубрежна болест откако очигледно пиело додатоци „бени-коџи“ речиси три години.
Вториот смртен случај е пријавен во Министерството за здравство, труд и социјала по отворената истрага во компанијата, јавува „Кјодо“.
Според Министерството, „Кобајаши“ соопшти дека 106 лица биле хоспитализирани по пиењето на суплементите и речиси 3.000 прашања ја изразувале здравствена загриженост на телефонските линии на компанијата.
Компанијата ги повика клиентите да престанат да користат апчиња „бени-коџи“, кои се рекламираат како додаток за намалување на холестеролот и крвниот притисок.
Таа пилула е всушност ориз, ферментиран со еден вид црвено-виолетова мувла (monascus purpureus), кој се користи и како боја за разни прехранбени производи.
Од компанијата „Кобајаши“ се сомневаат дека проблемот настанал поради неоткривање токсична супстанција во мувлата, а засегнатите клиенти пријавиле симптоми, како обојување на урината, отечени екстремитети и замор.
„Иако вредно ги утврдуваме фактите и причинско-последичните врски, сакаме да го објавиме ова заради брзо откривање информации. Нашата компанија секогаш го ставаше здравјето на нашите клиенти на прво место и искрено се извинуваме за оваа ситуација“, изјавиле од „Кобајаши“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уривање на дел од автопат во Кина: Најмалку 24 лица загинаа, 30 се повредени
Најмалку 24 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јавија кинеските медиуми.
„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, пренесува АП.
Според американската агенција, околу 11:45 часот по локално време под урнатините биле пронајдени 18 автомобили.
Свет
Блинкен им порача на Израел и Хамас дека е време за прекин на огнот
Државниот секретар на Соединетите Држави (САД) Ентони Блинкен се состана со израелските лидери на 1 мај, за време на посетата на Израел, а во таа прилика му порача на претседателот на земјата дека „е дојдено времето“ за договор за прекин на огнот во војната во Газа.
Ова е седма посета на Блинкен од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската Унија уште од октомври.
Блинкен се обидува да постигне договор кој би ги ослободил заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во замена за прекин на борбите. Како дел од договорот се очекува да бидат ослободени и палестинските затвореници.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.