Свет
(Видео) Протече видео од момчето кое упадна во замокот на кралицата: Ова е одмазда за масакрот
Британски „Сан“ објави грозоморно видео од момчето кое вчера изврши упад на имотот во замокот Виндзор, каде што кралицата Елизабета Втора го поминува Божиќ. На видеото тој се гледа дека држи самострел и се заканува дека ќе ја убие кралицата.
Тој подоцна беше уапсен од вооружената полиција во замокот Виндзор. Осомничениот Џасвант Синг Чаил бил третиран според Законот за ментално здравје.
It’s been revealed a 19-year-old intruder who was arrested in the grounds of Windsor Castle was armed with a crossbow – and it’s claimed he intended to assassinate the Queen. https://t.co/TWh1KQycs4 @MKarstunen #7NEWS pic.twitter.com/ADMQh9WWut
— 7NEWS Sydney (@7NewsSydney) December 27, 2021
Тој им го испратил видеото на пријателите преку „Снепчет“ во 8 часот и 6 минути утрото на Божиќ, 24 минути пред да биде уапсен. Тој бил на само 500 метри од приватните одаи на кралицата во замокот.
На видеото момчето е во маица со качулка држи светкаво црно оружје и со искривен глас ѝ се обраќа на камерата. Неговото лице е покриено со бела маска, очигледно инспирирана од „Војна на ѕвездите“, а целата негова порака укажува на таа филмска франшиза.
„Жал ми е за она што го направив и што ќе направам. Ќе се обидам да ја убијам Елизабета, кралицата на кралското семејство. Ова е одмазда за оние кои загинаа во масакрот во Џалијанвала Баг во 1919 година. Тоа е исто така одмазда за оние кои беа убиени, понижени и дискриминирани поради нивната раса. Моето име беше Џасвант Синг Чил, сега се викам Дарт Џонс“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.

