Свет
(Видео) Силен земјотрес и лизгање на земјиштето во Јапонија, најмалку две лица го загубија животот
По тајфунот во Јапонија следуваше силен земјотрес и лизгање на земјиштето. Катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала што го погоди јапонскиот остров Хокаидо предизвика и лизгање на земјиштето.
Лизгањето на земјиштето направи огромна штета на стотици домови, голем дел од населението остана без електрична енергија. Во катастрофата голем број луѓе кои во тие моменти се наоѓале во своите домови се повредени, додека десетици други и натаму остануваат заробени во своите домови и ги чекаат спасувачките екипи. Дел од повредените се пренесени во најблиските болници, а од нив едно лице се наоѓа во критична состојба, бидејќи се здобило со тешки повреди.
Земјотресот се случил на 68 километри југоисточно од Сапоро, а јапонската метеоролошка агенција објави дека нема опасност од цунами. Во земјотресот со јачина од 6,7 степени што го погоди островот Хокаидо во северна Јапонија загинаа најмалку две лица. Владиниот секретар Јошида Суга во изјава за медиумите посочи дека досега е потврдено дека само две лица загинале во земјотрес, но не се исклучува можноста да има и други жртви.
Според информации од јапонската национална телевизија, 125 лица се повредени, а околу 40 луѓе се водат за исчезнати. Локалната агенција за катастрофи, пак, по земјотресот и лизгањето на земјиштето во своето соопштение наведе дека само 48 лица се повредени.
Голем број од жители на градот Асум, каде што лизгањето на земјиштето буквално проголта стотици домови, пријавиле дека нивните најблиски се исчезнати.
Аеродромите, како и голем број патишта на островот се затворени по земјотресот. Премиерот Шинзо Абе по катастрофата рече дека 25 000 војници и спасувачки екипи ќе бидат веднаш испратени во областа за да помогнат во спасувачките операции. Неговата Влада формираше специјална единица во центарот за управување со кризи за информации за земјотресот.
Земјотресот доведе до прекин на струјата во 2,9 милиони домови на островот Хокаидо. Како што рекоа официјалните претставници, прекинот на електричната енергија бил предизвикан од непосредно затворање на главната централа „Томато Aсум“, која обезбедува струја за половина од островот.
Официјални лица најпрвин рекоа дека се надеваат дека електричната енергија ќе биде поставена во рок од неколку часа, но поради оштетување на трите генератори на „Томато Асум“, ова може да потрае повеќе од една недела.
Војската веќе ги распореди резервоарите за вода во Сапоро за да им помогне на жителите додека не се врати снабдувањето со електрична енергија и водата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почна европска истрага против Фејсбук и Инстаграм
Европската Комисија покрена истрага против социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, во сопственост на технолошкиот гигант Мета, поради сомнежи дека не ги почитуваат своите обврски во борбата против дезинформациите. Овие обврски произлегуваат од Законот за дигитални услуги.
„Оваа Комисија создаде средства за заштита на европските граѓани од насочени дезинформации и манипулации од трети земји и ако се сомневаме дека има прекршување на правилата, ние постапуваме“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Таа додаде дека борбата против дезинформациите е особено важна за време на изборната кампања.
Комисијата ќе ја фокусира својата истрага на сомневањата дека Мета не ги исполнува своите обврски според Законот за дигитални услуги поврзани со ширење на погрешни реклами, кампањи за дезинформации и координирано лажно однесување во ЕУ.
Свет
Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти
Фармацевтската компанија Астра Зенека во судски документ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика ретки несакани ефекти, вклучувајќи згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца.
Во Велика Британија е покрената колективна акција против Астра Зенека, која тврди дека употребата на вакцината CoviShield довела до смрт и сериозни штети и бара отштета до 100 милиони фунти за 50 жртви, објави „Индепендент“.
Една од тужителите тврди дека вакцината и предизвикала трајно оштетување на мозокот и дека згрутчувањето ја оставило неспособна да работи.
Свет
Ерупција на вулканот Руанг во Индонезија:, евакуирани повеќе од 12.000 луѓе
Во Индонезија се евакуирани 12.000 луѓе кои живеат во близина на островот Сулавеси, каде што еруптираше вулканот Руанг, за што Центарот за вулканологија и проценка на геолошки ризик прогласи највисоко, четврто ниво на тревога.
Жителите на островот се преместени во градот Манадо, а Центарот ги предупреди граѓаните на соседниот остров Тагуланданг дека постои опасност од цунами поради паѓање на материјал од вулканот во океанот, пренесува Ројтерс.
Се проценува дека чадот над вулканот достигнал висина од пет километри, поради што биле евакуирани жителите во радиус од седум километри.