Свет
(Видео) Со часови блокиран центарот на Нотингем поради сериозен инцидент: има мртви и ранети
Во сериозен инцидент во Нотингем најмалку тројца луѓе се убиени, а има и ранети, пренесува „Скај њуз“. Поради инцидентот, со часови е блокиран центарот на британскиот град. Според информациите, уапсено е едно лице.
Полицијата ги повика граѓаните да ги избегнуваат блокираните подрачја.
BREAKING: ‘Major incident’ in Nottingham as police close roads
Officers and other emergency services at several locations are dealing with an “ongoing serious incident”, according to Nottinghamshire police.https://t.co/DgvS4xeCCJ
📺 Sky 501, Virgin 602 and YouTube pic.twitter.com/DqIJA24k1S
— Sky News (@SkyNews) June 13, 2023
„Улиците некое време ќе останат блокирани. Полицијата е на местото на настанот“ информираат од полицијата.
BREAKING: UK police arrest man after 3 people found dead in Nottingham, 3 others injured when hit by van #Breaking #BreakingNews #Nottingham pic.twitter.com/utRigh9Tqp
— Breaking News Desk (@BreakingVideoHQ) June 13, 2023
Во центарот на градот поставен е голем полициски кордон, а блокиран е и јавниот превоз.
@SkyNews @KayBurley #Nottingham sky news has just broadcast saying 4 people killed hopefully this is wrong pic.twitter.com/HtLlQbgnZ1
— Paul (@P4U1_K4V) June 13, 2023
На полицајците им помагаат и пожарникарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.