Свет
(Видео) Тројца луѓе загинаа во судир на два мали авиони во воздух во САД

Најмалку три лица загинаа кога два мали авиони се судрија во воздух во округот Болдер во американската сојузна држава Колорадо, соопштија локалните власти.
„ Цесна 172 и уште еден авион се судрија и се урнаа на земја во близина на аеродромот Лонгмонт во саботата, соопшти американската Федерална управа за авијација (ФАА), пренесе Си-Ен-Ен.
Според ФАА, во Цесната имало две лица, а во другиот авион едно.
US: Two small planes collide mid-air near Denver in Colorado, 3 killed | Catch the day's latest news here: https://t.co/T7GZpBkz7L pic.twitter.com/weKjfss7SS
— Economic Times (@EconomicTimes) September 18, 2022
Патниците на Цесна 172 починале на местото на настанот, изјави шерифот на округот Болдер.
Во другиот авион имало едно лице, кое било прогласено за мртво кога пристигнале службите за итна помош, додаваат од канцеларијата на шерифот.
Локалните власти се обидуваа да ги идентификуваат жртвите од остатоците, а ФАА ги истражува причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан: ЕУ се распаѓа

Унгарија не треба да го усвои еврото затоа што Европската унија се распаѓа и Унгарија не треба поцврсто да ја врзува својата судбина за блокот, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за бизнис-страницата EconomX.
Унгарија, која ја модернизираше својата економија со милијарди евра од Брисел откако се приклучи пред две децении, во моментов не ги исполнува условите за усвојување на еврото.
За разлика од Данска, Унгарија нема законско ослободување од приклучување кон валутниот блок. Некои од источните соседи на Унгарија, вклучувајќи ги Полска, Чешка и Романија, исто така остануваат надвор од еврозоната, барем засега.
Орбан, кој е на власт од 2010 година, стана сè погласен критичар на ЕУ, која задржа милијарди евра средства за Унгарија поради реформите за владеење на правото.
„Унгарија не треба да ја врзува својата судбина поцврсто со Европската Унија отколку што ја врзува сега, а воведувањето на еврото би било најблиската можна врска“, предупреди Орбан.
Фото: ЕПА
Регион
Пронајдени се телата на браќата од Хрватска во словенечките Алпи

Словенечките планински спасувачи ја продолжија својата акција утрово под врвот Тошќ, во Јулиските Алпи, каде што вчера лавина затрупа тројца хрватски планинари.
Исчезнатите лица, по кои се трагаше од вчера, за жал се пронајдени мртви, објавува словенечки 24ur. Како што неофицијално дознава словенечкиот медиум, двајца од нив биле браќа.
„Ги пронајдовме двајцата – едниот беше закопан околу еден метар во снегот, а другиот околу метар и пол. Првиот успеавме да го транспортираме во долината со хеликоптер, додека сè уште чекаме транспорт за вториот. Самиот терен е многу тежок бидејќи е карпеста, стрмна клисура со бројни карпести скокови, што ја направи работата опасна и тешка за спасувачите. За жал, ќе кажам дека сите тројца планинари што ги пронајдовме во лавината починаа. Им изразувам искрено сочувство на нивните семејства“, рече тој.
Регион
Се уште трае потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

Потрагата по двајцата исчезнати хрватски планинари во Јулиските Алпи продолжи утрово кратко по 7 часот, потврди Словенечката планинска служба за спасување за хрватски Индекс.
Вчера наутро, под врвот Тошќ во Јулиските Алпи беше предизвикана снежна лавина, при што беа затрупани тројца хрватски планинари.
За време на тешкото пребарување и спасување, еден планинар беше пронајден без знаци на живот, додека двајцата мажи сè уште се бараат.
Во потрагата денес е вклучен и хеликоптер.
Екипите веќе тргнаа кон локацијата, но точниот број на вклучени спасувачи сè уште не е познат.
Службата додава дека денешното време дозволува распоредување на хеликоптер, но условите во планините се сè уште нестабилни и постои ризик од нови лавини. Идентитетите на загинатиот планинар и двајцата исчезнати сè уште не се официјално потврдени, но неофицијално хрватските медоуми објавија дека двајцата мажи по кои се трага се браќа.
Шеф на спасувачката служба: Ситуацијата е сложена и опасна
Заменик-шефот на Словенечката планинска спасувачка служба, Клемен Белхар, изјави за ХРТ дека во областа има околу половина метар снег, што не звучи како многу, но создава висок ризик од лавини. Тој додаде дека во планините сè уште има групи алпинисти кои ќе бидат спасени денес и утре.
„Ситуацијата е доста сложена и опасна“, рече Белхар. На прашањето дали има надеж дека преостанатите двајца Хрвати по кои сè уште се трага се сè уште живи, тој одговори: „Секако ќе се однесуваме како да се живи, но колку надеж има, никој не знае“.