Европа
(Видео) Украина ја нападна Москва со дронови, затворени аеродроми
Трите најголеми аеродроми во Москва рано утринава го прекинаа пристигнувањето и полетувањето на авионите, јави руската новинска агенција ТАСС.
„Воздушниот простор е затворен над Внуково, Шереметјево и Домодедово“, рече неименуван функционер.
„Влезните летови се запрени, а појдовните летови се одложени“, додаде тој.
🎙️The moment a Ukrainian drone exploded in Moscow tonight. #Moscow #Kremlin pic.twitter.com/6M9CDtlhfi
— NATO🇺🇸 VS KREMLIN🇷🇺 (@eduinfotech101) August 22, 2023
Вчера и денеска, Русија извести за серија напади со украински беспилотни летала, вклучително и над Москва.
🎙️The moment a drone exploded in Moscow tonight.#Russia #Moscow #Kremlin pic.twitter.com/FhB2zON91r
— NATO🇺🇸 VS KREMLIN🇷🇺 (@eduinfotech101) August 22, 2023
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека руската армија рано утринава соборила две борбени беспилотни летала западно од главниот град на Русија.
Беспилотните летала беа соборени над градот Красногорск и населбата Части, рече тој.
The Russian Ministry of Defense and the Mayor of Moscow have announced the Explosions heard over the Capital City tonight were the result of 2 Ukrainian Drones being Shot Down by Air Defense Systems, but that 2 additional Drones were also Downed by Electronic-Warfare Systems over… pic.twitter.com/d7N95VvsWD
— OSINTdefender (@sentdefender) August 22, 2023
Руското Министерство за одбрана соопшти дека армијата, синоќа, околу 23 часот по локално време, соборила две украински беспилотни летала над Црното Море, на 40 километри северозападно од Крим. Исто така, известија за две соборени беспилотни летала рано утринава во областа Брјанск, што граничи со Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени две млади момчиња: планирале напад со нож на верници во синагога во Германија
Германските власти денеска соопштија дека уапсиле двајца мажи осомничени дека планирале напад со нож врз верници во синагога во Хајделберг, на југозападот на земјата.
Осомничените, на возраст од 24 и 18 години, беа приведени за време на одделни полициски операции во покраината Баден-Виртемберг на почетокот на овој месец, соопштија државните обвинители и полицијата, пренесе АП.
Тие разговарале за убиство на еден или повеќе верници во напад на синагогата, по што ќе следуваше нивна „маченичка смрт“, а сакаа полицијата да ги убие, се вели во заедничкото соопштение на германските власти.
Осомничените се соочуваат со обвиненија за заговор за убиство.
Полицијата го открила заговорот со претрес на домот на повозрасниот осомничен на 3 мај.
При претресот, полицаецот пукал и ранил еден од осомничените откако се фатил за нож.
Доказите запленети за време на претресот вклучуваат размена на онлајн пораки меѓу двајцата осомничени во април, во кои тие разговарале за можен напад на синагогата, соопштија властите.
На 18 мај полицијата го приведе помладиот осомничен и изврши претрес во неговиот стан.
Двајцата осомничени се германски државјани, а 18-годишникот има и турско државјанство, соопштија властите.
Нивните имиња не се објавени.
Германските лидери предупредија на ризиците од напади врз Евреите и го осудија порастот на антисемитизмот по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас.
Европа
Филипинка се породила на крузер и го сокрила бебето: тоа починало
Истражен судија во Гросето, Италија го отфрли обвинението за убиство против Чан Џенсел Пиа Салахид, 28-годишна Филипинка која се породила на бродот за крстарење „Сребрен шепот“ на 17 мај, а потоа беше уапсена за смртта на детето.
Истражниот судија го потврдил приведувањето, а младата жена останала во затвор, но под обвинение за напуштање дете кое починало. Нејзините двајца колеги, кои ја делеле кабината со неа и кои исто така биле уапсени поради смртта на бебето, биле ослободени.
Тие и помогнале да се породи и биле соучесници во прикривањето.
Како што пишува „Rai News“, по добивањето на резултатите од обдукцијата, судот ги отфрли обвиненијата за убиство. Засега не се знае за што точно ќе биде обвинета жената освен за напуштање на детето.
А, таа цело време пред истражителите, според италијанските медиуми, тврдела дека не сакала да го убие својот син, кого го нарекла Тејлор.
Само се плашела дека ќе остане без работа, па го сокрила. Секогаш кога можела, доаѓала да го дои, според исказите. Бебето го оставала во плакарот со подотворена врата за никој да не го види или слушне неговиот плач.
Европа
Состојбата на Фицо е стабилна, забележително е благо подобрување, велат од болницата
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат е стабилна со благо подобрување, соопштија денеска од болницата каде што е сместен Фицо.
„Состојбата на премиерот е стабилна со благо подобрување. Веруваме дека напредокот ќе продолжи“, соопшти болницата на платформата Х (Твитер), пренесе Ројтерс.
Фицо минатата среда беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болницата каде му беше извршена операција.
Словачкиот суд во саботата одлучи Цинтула да биде задржан во притвор, а тој се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.