Европа
(Видео) 18-месечно бебе извлечено живо во Турција, три дена било под урнатините
Спасувачкиот тим од Унгарија извлече 18-месечно бебе, кое три дена поминало под урнатините во Антакија, Турција.
Хелен била пронајдена жива, три часа по извлекувањето на 10-годишниот Мехмет од урнатините.
Првите 72 часа по земјотресот се сметаат за критични за пронаоѓање преживеани. Просечната стапка на преживување по првите 24 часа паѓа од 74 на 22 % на третиот ден.
Петтиот ден стапката е само 6 %, пишува „Скај њуз“.
Повеќе од 15.800 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, според новиот извештај објавен од официјални лица и спасувачи.
Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека бројот на загинати може да достигне 20.000.
Повеќе од 53.000 луѓе се повредени само во Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Семејството се спаси, но не и 17-годишната девојка: заедно бегале од пожарот во турскиот хотел, а потоа таа исчезнала
Најмалку 76 лица загинаа во страотниот пожар што избувна во хотел во Турција среде ноќ, меѓу кои и една тинејџерка (17), чие цело семејство избега.
Стоматологот Мачит Каратасли и неговото семејство биле на одмор во хотел во ски-центар кога избувнал пожарот. Семејството кое беше зафатено во пожар додека спиеше, како и повеќето гости, среде голема паника успеало да побегне од хотелот. Меѓутоа, неговата ќерка Озум (17) не преживеала.
Според медиумите, семејството почнало да бега од пожарот, но во еден момент Озум истрчала во друга насока и исчезнала.
Семејството почнало да ја бара веднаш по несреќата, но за жал дошло до трагично откритие. Нивната ќерка не можела да го напушти хотелот и загинала во пожарот.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја синоќа изјави дека бројот на загинати во хотелот во ски-центарот Карталкаја се искачи на 76, а во врска со пожарот досега се приведени девет лица.
Пожарот што вчера рано наутро избувна на последните катови на хотелот „Гранд Картал“ од засега непозната причина траеше десетина часа, а во гаснењето учествуваа и пожарникари од околните градови, јавува Анадолија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека среда, 22 јануари, е прогласен за ден на национална жалост за жртвите од пожарот.
Европа
12-годишно момче избодено до смрт во Британија, уапсен 14-годишник
Момче (12) починало откако било избодено со нож во Бирмингем, а 14-годишник е уапсен под сомнение за убиство, јавува „Скај Њуз“.
Британската полиција побара од јавноста какви било информации поврзани со смртта на 12-годишното момче, кое беше пронајдено со тешки повреди вчера околу 15 часот во близина на Скриберс Лејн во југоисточниот град Хол Грин.
Момчето било пренесено во болница, но починало од повредите. Семејството на жртвата е известено и е поддржано од специјалисти, велат од полицијата. Истрагата е во тек, а полицијата отвори портал на кој граѓаните доколку знаат нешто можат да ги контактираат.
Европа
Шолц и Макрон се среќаваат по враќањето на Трамп во Белата куќа
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска планира да отпатува во Париз за да се сретне со претседателот Емануел Макрон, два дена по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Францускиот претседател околу пладне се очекува да го прими германскиот канцелар во Елисејската палата.
Покрај идното позиционирање на ЕУ во однос на САД, разговорите најверојатно ќе се фокусираат на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.