Свет
Во САД откриени делови од мотори за авиони без сертификат, истрага е спроведена и во Европа
Американската федерална управа за авијација (FAA) вчера предупреди дека некои модели на млазни мотори CF6 на Генерал електрик“ може да содржат делови со лажни сертификати барајќи од сопствениците да ги проверат резервите на авионите и делови.
AOG Technics со седиште во Велика Британија продаваше изолатори за моторите CF6 на GE без лиценца, предупреди FAA.
Производителот на млазни мотори CFM International во средата изјави дека AOG Technics можеби продала илјадници делови од моторот со фалсификувана документација. Се сомневаат дека делови за моторите CFM56, произведени од компанијата GE-Safran CFM, и за многу мал број мотори CF6, кои главно се користат за напојување товарни авиони и се произведени од „Генерал електрик“, можеби се продадени без сертификација.
До понеделник беше утврдено дека околу 96 мотори може да содржат делови со фалсификувана документација.
Метју Рив, адвокат на CFM, и неговите косопственици „Генерал електрик“ и „Сафран“, во поднесоците во Високиот суд во Лондон рече дека досега идентификувале два фалсификувани формулара на FAA за стотици делови од моторот CF6.
Овој мотор се користи главно од товарни авиони вклучувајќи го и огромното мнозинство товарни авиони „боинг 767“ и воените авиони за полнење гориво „KC-767“ во флотите на Италија и Јапонија.
Доколку се најдат делови со лажен сертификат во моторите CF6, сопствениците и операторите на авионите мора да ги отстранат и зачуваат, истакна американскиот регулатор.
Европските регулатори соопштија дека ги истражуваат наводите од извештајот дека некои делови испорачани од AOG Technics без валидни сертификати биле пронајдени во моторите CFM56 вградени во некои авиони „ербас“ и „боинг“.
По објавувањето, авиокомпаниите сменија делови на десетици авиони. Досегашните промени вклучија само дел од вкупно 23 илјади мотори CFM56.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Германска компанија лансираше ракета напојувана со цврсто парафинско гориво
Германската компанија HyImpulse денеска успешно лансираше ракета, напојувана со цврсто парафинско гориво, која ќе може да носи комерцијални сателити.
„Ја покажуваме силата на Германија како вселенска нација и го прошируваме пристапот на Европа до вселената“, рече шефот на компанијата Марио Кобалд.
We will be attempting to launch the SR75-1 ‘Light this Candle!’ mission from the Koonibba Test Range tomorrow Friday 3 May from 1430 (ACST)!
To view the launch travel to the Koonibba township.
The launch is subject to weather and may be delayed or scrubbed on the day. pic.twitter.com/xJiOopzK9n— Southern Launch (@SouthernLaunch) May 2, 2024
Дванаесет метри долга и 2,5 тони тешка ракета наречена SR75 беше лансирана околу 5 часот по европско време од Куниба, Австралија.
Може да носи помали сателити со тежина до 250 килограми до височина до 250 километри, а може да работи на цврсто парафинско гориво или течен кислород
At 2.40pm ACST @HyImpulseTech successfully launched their SR75 rocket from @SouthernLaunch‘s Koonibba Test Range. 🚀
The mission was the inaugural launch attempt of the SR75 rocket, & the first high power rocket permit to be issued under 🇦🇺 Australian law. pic.twitter.com/pmM6t3Uj0v
— Australian Space Agency (@AusSpaceAgency) May 3, 2024
Парафинското гориво се користи како поевтино и побезбедно алтернативно ракетно гориво. HyImpulse тврди дека заштеди до 50 проценти.
Германската компанија со околу 65 вработени објави дека веќе добила преднарачки за лансирање сателити во вредност од над 100 милиони евра.
HyImpulse сака да го прошири својот бизнис бидејќи расте побарувачката за транспорт на комерцијални сателити, па до 2032 година сака да оствари приходи од 700 милиони евра.
Свет
(Видео) Кина лансираше сонда на помалку истражената страна на Месечината
Кина денеска лансираше лунарна сонда на далечната страна на Месечината за да собере примероци кои би можеле да обезбедат увид во геолошките и другите разлики помеѓу далечната, помалку истражената и поблиската страна на Месечината.
Месечевата сонда Чанг’е го добила името по кинеската митска божица на Месечината. Ја носи ракета Long March-5 IB која беше лансирана од центарот Венчанг во јужната провинција Хаинан, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.
Откако ќе орбитира околу Месечината за да ја намали брзината, лендерот ќе се одвои од леталото и ќе започне да собира примероци веднаш штом ќе се спушти на површината на Месечината пред да се врати на Земјата.
Мисијата ќе трае 53 дена.
Европа
Орбан: Унгарија ќе ги зголеми трошоците за одбрана доколку војната во Украина продолжи
Унгарија ќе мора да ги зголеми трошоците за одбрана и следната година доколку војната во Украина продолжи до 2025 година, со што ќе се намали износот на расположливите средства за други трошоци, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан изјави за државното радио дека доколку војната во Украина се пролонгира до 2025 година, нивоата на средства за одбрана на Унгарија за 2023 и 2024 година нема да бидат доволни и ќе мора да се зголемат, пренесува агенцијата МТИ. Орбан изјави дека е загрижен за иднината на Европа и дека унгарската влада нема да дозволи Унгарија да биде принудена да влезе во војна по трет пат, откако учествуваше во Првата и Втората светска војна.
Премиерот на Унгарија смета дека е потребно европско безбедносно решение во кое ќе биде вклучена Русија и дека американската воена индустрија најмногу профитирала од војната во Украина, откако САД испратија најголема воена помош во Киев.
„Нашето историско искуство со војната е дека можете само да изгубите. Колку сте поблиску до воената зона, толку е поголема цената што ја плаќате“, рече Орбан.
Унгарија значително ги зголеми одбранбените распределби минатата година на 2,43 отсто од БДП, што е над два отсто на кои се обврзаа членките на НАТО, наведува МТИ.