Свет
Градоначалничката на Сиетл ги брани демонстрантите кои прогласија автономна зона
Градоначалничката на Сиетл, Џени Дуркан, во четвртокот ги бранеше демонстрантите кои прогласија автономна зона на улиците во градот нарекувајќи ја патриотска, пренесува „Њујорк пост“.
Во изјава за медиумите Дуркан рече дека заканата на претседателот Трамп дека ќе испрати федерални сили за да им се спротивстави на демонстрантите е противуставна и незаконска.
„За жал, нашиот претседател сака да раскаже приказна за домашни терористи, кои имаат радикална агенда и промовираат заговор што одговара на неговите иницијативи за закон и ред. Тоа, едноставно, не е точно. Законско собирање и изразување на правата од Првиот амандман, барањето да дејствуваме подобро како општество и да се обезбеди правичност за обоените заедници не е тероризам. Тоа е патриотизам“, рече Дуркан.
Таа зборуваше за областа во градската зона Капитол Хил, каде што полицајците и демонстрантите постојано се судираа пред полицискиот оддел во последните две недели по смртта на Џорџ Флојд. Демонстрантите сега зазедоа периметар од шест блока наречен АЗКХ – кратенка за Автономната зона на Капитол Хил – околу источниот округ, кој беше напуштен во понеделникот.
Ситуацијата му го привлече вниманието на Трамп, кој во четвртокот побара локалните власти да реагираат и да ги тргнат од улиците „грдите анархисти“ – или тој ќе го стори тоа.
Во своите забелешки Дуркан рече дека официјалните лица се во комуникација со жителите, сопствениците на бизниси и демонстрантите во зоната додавајќи дека тоа не е вооружена милиција на Антифа и тоа не е забранета зона.
„Ќе се погрижиме да најдеме некој начин луѓето да продолжат да протестираат мирно. Освен извештаите за вандализам, оштетување на имотот и повремени пресметки, во околината нема документирано сериозни инциденти“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уривање на дел од автопат во Кина: Најмалку 24 лица загинаа, 30 се повредени
Најмалку 24 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јавија кинеските медиуми.
„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, пренесува АП.
Според американската агенција, околу 11:45 часот по локално време под урнатините биле пронајдени 18 автомобили.
Свет
Блинкен им порача на Израел и Хамас дека е време за прекин на огнот
Државниот секретар на Соединетите Држави (САД) Ентони Блинкен се состана со израелските лидери на 1 мај, за време на посетата на Израел, а во таа прилика му порача на претседателот на земјата дека „е дојдено времето“ за договор за прекин на огнот во војната во Газа.
Ова е седма посета на Блинкен од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската Унија уште од октомври.
Блинкен се обидува да постигне договор кој би ги ослободил заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во замена за прекин на борбите. Како дел од договорот се очекува да бидат ослободени и палестинските затвореници.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.