Свет
Гувернерот на Њујорк: Нарачавме 17.000 респиратори, како да сме на „Ибеј“
Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, изјави дека од Кина нарачале 17.000 специјални типови респиратори таканаречени вентилатори, со просечна цена од 25.000 американски долари.
Куомо, сепак, рече дека очекува да добие само 2.500 вентилатори истакнувајќи дека проблемот е што во набавката на опрема се натпреварува со Федералната агенција за управување со вонредни состојби и многу други држави.
„Тоа е како на ’Ибеј’ да се натпреварувате за вентилатор со 50 други држави“, рече Куомо.
Тој истакна дека сојузната влада и Федералната агенција за управување со кризи треба да бидат агенти за купување, да набават сè, а потоа да издвојуваат средства за сојузните држави по потреба, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Објавени резултатите од пописот во Црна Гора
Според резултатите од пописот одржан во декември минатата година, најмногу граѓани на Црна Гора се изјасниле како Црногорци – 41,12 отсто (256.436). По нив следат Србите со 32,93 отсто (205.370), додека 9,45 отсто од граѓаните (58.956) се изјасниле како Бошњаци.
4,97 отсто од граѓаните (30.978) се изјасниле како Албанци, 2,06 отсто (12.824) како Руси, а 1,63 отсто (10.162) како муслимани.
Пописниот процес беше спроведен од 3 до 28 декември минатата година, откако неговиот почеток беше неколкукратно пролонгиран поради барањата на опозицијата и советите на помалкубројните народи да исполнат одредени услови за негово спроведување.
Според прелиминарните резултати од пописот, во Црна Гора живеат 623.158 жители, што е за два отсто повеќе од 2011 година.
Според пописот од 2011 година, Црногорците биле, исто така најмногубројни. На тој попис 0,33 отсто од граѓаните се изјасниле како Срби-Црногорци (2.103), како Египќани исто така 0,33 отсто (2.054), а како Црногорци-Срби 0,29 отсто (1.833).
Кога ќе се споредат резултатите од пописот одржан минатата година и оној од 2011 година, може да се види дека има 22.429 помалку Црногорци и 27.260 повеќе Срби.
Споредбата покажува и дека бројот на Бошњаците се зголемил за 5.351, Албанците за 539, а Русите од 946 на дури 12.824.
Бројот на оние кои национално се декларирале како муслимани е преполовен, односно е помал за 10.375.
Свет
Силен земјотрес го погоди Мароко
Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди Мароко, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на 25 километри од градот Азру, на длабочина од 12 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Свет
Викторов: Се надеваме дека Израел ја разбира опасноста од напад на руските војници во Сирија
Москва цврсто го осудува неодамнешниот напад на Израел врз Дамаск и повикува на почитување на територијалниот суверенитет на Сирија.
Русија верува дека Израел ја разбира опасноста од нанесување штета на руските војници во Сирија и за тоа ги известила израелските власти, изјави рускиот амбасадор во Тел Авив, Анатолиј Викторов, пренесува Спутник.
„Веруваме дека командата на израелските одбранбени сили е целосно свесна за опасноста од закана по животот и здравјето на нашите војници. Преку соодветните канали ја пренесовме нашата длабока загриженост за дејствијата на израелските вооружени сили“, истакна амбасадорот.
Дополнително, дипломатот истакна дека Израел останува важен партнер за Русија на Блискиот Исток.
Викторов подвлече дека Москва секогаш тргнува од потребата да ги изнесува своите ставови и да разговара за меѓусебната загриженост, а не да оди по патот на ескалација на дипломатските односи.
Претходно беше објавено дека Москва силно го осудува неодамнешниот израелски напад врз Дамаск и повикува на почитување на територијалниот суверенитет на Сирија.