Европа
Доживотен затвор или смртна казна за припадниците на геј-популацијата – усвоен драконски закон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/gej-dvojka.jpg)
Парламентот на Уганда усвои закон што го криминализира идентификувањето како припадник на ЛГБТ-популацијата со строги казни вклучувајќи смрт за таканаречената тешка хомосексуалност и доживотен затвор за хомосексуалните односи.
Тешка хомосексуалност значи хомосексуални односи со лица помлади од 18 години или со ХИВ-позитивен сторител.
Покрај истополовите врски, законот забранува промовирање и поддршка на хомосексуалноста, како и, како што велат, заговор за вклучување во хомосексуални врски“, пренесува „Ројтерс“.
Повеќе од 30 африкански земји, вклучително и Уганда, веќе забрануваат истополови врски, но се чини дека новиот закон е првиот што го забранува идентификувањето како ЛГБТ, според „Хјуман рајтс воч“.
Поддржувачите на новиот закон веруваат дека се неопходни казни за поширок опсег на ЛГБТ-активности за кои се тврди дека ги загрозуваат традиционалните вредности во конзервативната и религиозна источноафриканска земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/germanija.jpg)
Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на ЕП, оној против Албанија, полицијата застрела и уби еден маж. Германските полицајци биле принудени на тоа, бидејќи мажот сакал со секира да нападне случајни минувачи во фан-зоната за време на Првенството.
Напаѓачот во Хамбург прво ги нападнал навивачите со секира, а потоа ги нападнал и обезбедувањето.
Полицијата прво употребила солзавец, а потоа пукала. Еден од истрелите на полицаецот бил предупредувачки, а вториот го погодил.
Наспроти првичните вести, нападот очигледно нема никаква врска со Европското фудбалско првенство.
„Местото на нападот е далеку од просторот каде се следат првенствените натпревари. Нема индиции дека напаѓачот има врски со некоја од навивачките групи“, соопштија од полицијата.
Денеска во Хамбург се игра натпреварот помеѓу Полска и Холандија и градот е преполн со навивачи на двата табора.
Европа
Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/soobrakajka.jpg)
Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени.
Според првите информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и удрило во автобус што минувал.
Патниците загинале на лице место, а пожарникарите го сечеле возилото за да дојдат до телата на настраданите во автомобилот.
Европа
Без пратеници Роми остана Европскиот парламент
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/evropski-parlament.jpg)
Со приближно 10 до 12 милиони жители во Европа, од кои околу шест милиони живеат во ЕУ, Ромите се едно од најбројните европски етнички малцинства. Сепак, во новиот состав на Европскиот парламент, избран минатата недела, првпат по 2004 година нема ниту еден европратеник припадник на ромската заедница.
Еден од најгласните застапници за правата на Ромите во Европскиот парламент досега беше Интергрупата за антирасизам и различности (АРДИ), чии цели се промовирање на расната еднаквост и информирање за проблемите со кои се соочуваат малцинствата. Без претставници на Ромите во ова тело, постои стравување од потенцијално поместување на приоритетите, како и намалување на сфаќањето на вистинските предизвици со кои се соочува ромската заедница.
Вклучувањето на претставниците на Ромите во процесот на одлучување би овозможил посеопфатно разбирање за потребите на заедницата, која има тешка историја низ целиот европски континент. Припадниците на ромската заедница се соочуваат со дискриминација низ цела Европа – 68 отсто од Ромите предвремено го напуштаат образовниот систем, а 80 проценти од нив живеат под прагот на сиромаштија.
Ваквите предизвици се вкоренети во стотиците години систематски предрасуди и социјална исклученост, кои продолжуваат да се одржуваат дури и до денес.
Една од земјите со процентуално најголема застапеност на Ромите во ЕУ е Романија. Според официјалните статистичките податоци 2,99 проценти од жителите на Романија се Роми, но според ромските организации реалната стапка на припадници на ромската заедница во земјата надминува осум отсто од вкупното население. Но, меѓу кандидатите за европратеници од Романија немаше ниту еден Ром, што е уште еден доказ за маргинализација на ромската заедница во земјата.
За споредба, унгарското малцинство кое сочинува 5,25 отсто од населението, освои два од вкупно 33-цата романски европратеници.
Отсуството на ромски кандидати за европратеници може да се припише на предизвиците со кои се соочуваат Ромите во политичкото мобилизирање, како поради систематското угнетување кое го одржува циклусот на сиромаштија во заедницата, така и поради бројните стереотипи кои ги спречуваат гласачите да се одлучат за ромските партии.