Свет
Доналд Трамп Џуниор е позитивен на коронавирус
Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп е позитивен на коронавирус, соопшти неговиот портпарол.
Доналд Трамп Џуниор (42) се наоѓаше во карантин во неговата ловна кабина се до резултатите од тестот, рече портпаролот.
„Тој досега беше целосно асимптоматски и ги следи сите медицински препораки за Ковид-19“, се вели во соопштението.
Дон Џуниор е втор од децата на претседателот кој има позитивен тест. Пред него, минатиот месец позитивен на Ковид-19 беше и најмладиот син, Барон Трамп (14), кој брзо закрепна.
Дон Џуниор одиграголема улога во претседателската кампања на неговиот татко. Се појавија дури и шпекулации дека е заинтересиран да се кандидира за Белата куќа.
Неговата партнерка, Кимберли Гилфојл, поранешна водителка на „Фокс њуз“, во јули бил позитивна на тестот за болеста, а исто така се опорави. Дон Џуниор очигледно не се заразил со инфекцијата во тоа време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

