Свет
Дошле на гости кај роднина за празниците, а нејзиното тело го пронашле во замрзнувач: Драма во Сан Диего
Членовите на семејството биле шокирани кога го пронашле телото на нивниот роднина во фрижидер во неговиот дом во Сан Диего.
Веднаш повикале полиција која на 23 декември покренала истрага.
Идентитетот на лицето не е соопштен, ниту причината за смртта, но официјалните лица рекоа дека телото е на жена.
Соседката Ана Марија за американските медиуми изјавила дека не може да поверува што се случило во нивниот крај.
„Кога ја видов полицијата, помислив дека е нешто големо. Ова е многу безбедна област, блиску до училиштата. Никогаш немало насилство“, рече таа.
Телото на несреќната жена е испратено на обдукција, по што ќе се знае причината за смртта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина за изјавите на новиот тајвански претседател: Ова се опасни сигнали
Кинеската канцеларија за прашања на Тајван денеска објави дека новиот претседател на островската држава Лаи Чинг-те испратил „опасни“ сигнали кои ги поткопуваат мирот и стабилноста во регионот.
Обраќајќи им се на толпата пред претседателската канцеларија во центарот на Тајпеј, Лаи повика на разговори со Кина, која го смета демократскиот остров за своја територија и не ја отфрли можноста за употреба на сила за да го врати под своја контрола.
„Исто така, сакам да ја повикам Кина да престане политички и воено да го заплашува Тајван и да ја земе со себе глобалната одговорност за одржување на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и во регионот со цел да се обезбеди свет без страв од избувнување на војна“, рече тој.
Кинеската канцеларија за прашања на Тајван рече дека зборовите на Лаи „целосно ја откриле неговата вистинска природа како застапник на независноста на Тајван“, додавајќи дека ситуацијата во каналот што ги дели Кина и Тајван е „комплицирана и мрачна“. „Независноста на Тајван не е компатибилна со мирот во Тајванскиот теснец“, се вели во соопштението.
„Колку и да се менува ситуацијата на островот, кој и да е на власт, тоа нема да го промени фактот дека и двете страни припаѓаат на иста Кина“, се заклучува.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди кинескиот регион Ксинџијанг
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска кинескиот регион Ксинџијанг, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
ЕМСЦ наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета.
Европа
Се огласи болницата во Банска Бистрица: Ова се последните информации за состојбата на Роберт Фицо
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во обид за атентат минатата недела, е стабилна, соопштија од болницата во Банска Бистрица.
„Клинички се подобрува, комуницира, воспалителните параметри полека се намалуваат. Премиерот останува под наша грижа“, соопштија од болницата во Банска Бистрица по денешната седница на Советот.
Фицо беше тешко ранет минатата среда по состанокот на кабинетот кога се приближи до насобраните луѓе.
Тој со хеликоптер беше префрлен во болницата во Банска Бистрица каде итно беше опериран и оттогаш е таму.
Претходните денови се зборуваше за префрлање на премиерот во друга институција, но како што може да се заклучи од денешното соопштение на болницата, тој засега останува во Банска Бистрица.