Свет
Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради Орбан

Европскиот парламент се подготвува да ја тужи Европската комисија поради нејзината контроверзна одлука за одмрзнување милијарди евра средства за Унгарија кон крајот на минатата година, изјавија за „Политико“ лица вклучени во одлуката.
Собраниската комисија за правни прашања речиси едногласно изгласа – со 16 члена „за“, еден против и ниту еден воздржан – да ја тужи Комисијата за „прекршување на должноста за заштита на парите на даночните обврзници од злоупотреба“. Во декември минатата година Комисијата деблокира 10,2 милијарди евра замрзнати кохезиони фондови на ЕУ наменети за Будимпешта.
Одлуката беше донесена еден ден пред самитот на ЕУ, на кој лидерите требаше да разговараат за новата помош за Украина и отворањето на пристапните преговори за Киев, потези што унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе ги блокира. Одлуката на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, да ги одмрзне средствата наиде на реакција кај пратениците во Европскиот парламент, кои ја обвинија дека попуштила пред уцените на Орбан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Судот ќе ја изрече пресудата за Депардје во мај

Кривичниот суд во Париз во четвртокот објави дека на 13 мај ќе ја изрече пресудата за актерот Жерар Депардје за сексуално вознемирување две жени за време на снимањето филм во 2021 година.
Француското Обвинителство во четвртокот побара 18-месечна условна казна и глоба од 20.000 евра за Депардје, објави весникот „Ле Паризиен“ и другите медиуми.
Седумдесет и шестгодишниот Депардје, истакната личност во француската кинематографија, е обвинет за сексуално вознемирување две жени за време на снимањето филм од 2021 година. Ова е првпат актерот, кој се соочува со многубројни обвинувања за сексуално вознемирување во текот на годините, да биде изведен пред суд.
Депардје призна дека ја фатил една од жените за бутот, но негира дека тоа е напад. Неговиот адвокат рече дека наводите против клиентот се лажни и дека истражителите биле пристрасни.
Свет
(Фото) Распукаа патиштата во Мјанмар по разорниот земјотрес

По двата разорни земјотреса што го погодија Мјанмар, распукаа патиштата.
Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 17 километри западно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри.
По 12 минути, регистриран е втор земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Беше на длабочина од 12 километри, 28 километри јужно од Мандалеј.
Свет
Кралот Чарлс ги откажа сите обврски поради здравствени проблеми

Британскиот крал Чарлс Трети вчера беше кратко примен во болница поради привремени несакани ефекти по планираниот третман на ракот, соопшти Бакингемската палата.
Според официјалната изјава, кралот бил отпуштен по краток престој под медицински надзор и се вратил во својата резиденција.
„Неговото Височество се врати во Кларенс Хаус и како мерка на претпазливост утрешниот распоред на ангажмани ќе биде променет“, се вели во соопштението.
На кралот Чарлс ракот му беше дијагностициран минатата година, а деталите за видот на болеста не се објавени.