Европа
Повторно уапсени браќата Тејт
Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт и брат му Тристан се уапсени во Романија под нови обвиненија за сексуално насилство. Браќата се приведени синоќа под обвинение поврзани во периодот меѓу 2012 и 2015 година, пишува „Скај њуз“.
Судот во Лондон издаде налози за апсење, а истрагата е во тек. Ендрју (37) и Тристан (35) ги негираат сите обвиненија против нив. Нивните претставници рекоа дека се „целосно посветени на оспорување на обвиненијата“. Браќата се соочуваат со обвиненија за силување и трговија со луѓе во Романија, каде што живеат.
Тие претходно беа во затвор, а подоцна и во домашен притвор. Тие се обвинети дека заедно со две Романки создале криминална група за шверц на луѓе во Романија и други земји, вклучително и САД и Велика Британија.
Ендрју Тејт ја доби жалбата во август минатата година по што беше ослободен од домашен притвор. Тој во моментот го чека датумот на судење. На браќата им било кажано дека може да патуваат каде било во Романија, но не може да ја напуштат земјата. Во јануари романскиот суд исто така ја поништи одлуката за заплена на имотот на Ендрју Тејт, со што му врати пристап до неговите суперавтомобили, недвижен имот и дизајнерски часовници.
Обвинителите запленија 15 луксузни возила и повеќе од 10 имоти и домови на осомничените за да ги спречат да го продадат или скријат имотот. Одземени им се и 14 дизајнерски рачни часовници и готовина, а надлежните го процениле одземениот имот на 3,6 милиони евра.
Ендрју Тејт, поранешен кикбоксер и натпреварувач на „Големиот брат“, во последните години стекна милиони фанови на социјалните мрежи. Тој има 8,9 милиони следбеници на „Икс“, но е забранет од неколку други платформи, вклучително и „Тик-ток“ поради неговите мизогини ставови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украински дрон погоди руски радар на рекордна оддалеченост
Украинско беспилотно летало нападна руски радар за рано предупредување „Воронеж М“ во близина на градот Орск во областа Оренбург на „рекордна“ далечина, изјави денеска извор од киевските разузнавачки служби.
Извор за Ројтерс изјави дека нападот го извршила украинската воена разузнавачка агенција синоќа и не кажа дали предизвикал некаква штета. Градот Орск се наоѓа на околу 1.500 километри од најблиските делови на територијата под украинска контрола.
Во одделен инцидент, едно лице загина, а три се ранети во напад со украинско беспилотно летало врз рускиот регион Орел рано утринава, изјави регионалниот гувернер Андреј Кличко на апликацијата Телеграм.
Кличко рече дека беспилотно летало удрило во бензинска пумпа, оштетувајќи ја, а друго подоцна паднало врз неа, при што загинал пожарникар.
Европа
Сопругот на италијанска европратеничка пронајден мртов во автомобил, таа мисли дека е убиен
Анџело Онорато, сопруг на италијанската европратеничка Франческа Донато, е пронајден мртов во својот автомобил во Палермо, пренесува Corriere della sera.
Истрагата за неговата смрт е во тек, но според италијанските медиуми се поверојатно е дека тој си го одзел животот. Но, неговата сопруга се сомнева дека тој е убиен.
Таа се посомневала дека нешто се случило со нејзиниот сопруг откако тој не одговорил на нејзините повеќекратни повици. Таа на крајот го пронашла неговиот автомобил користејќи ГПС и се јавила на 911.
Тој бил пронајден на возачкото седиште со пластична лента околу вратот. И покрај тоа што првично објавија италијанските медиуми, на неговото тело не се пронајдени прострелни рани. На маицата била пронајдена дамка од крв.
Истражителите не ја исклучуваат можноста дека Онорато требало да се сретне со некого на улицата каде што е пронајдено неговото тело.
Онорато беше архитект и сопственик на продавница во Палермо. Се занимаваше со политика како неговата сопруга, а во 2022 година се кандидираше за регионални избори на листата на демохристијаните, но не беше избран.
Во 2019 година, неговата сопруга беше избрана во Европскиот парламент, каде што се истакна по нејзините евроскептични ставови и противење на вакцинацијата и рестриктивните мерки за време на пандемијата.
Европа
(Видео) Надзорните камери на трговскиот центар во Харков го снимија моментот на нападот, 16 мртви
Бројот на загинати во рускиот напад на специјализиран трговски центар со градежни производи во Харков се искачи на 16. Меѓу жртвите има и 12-годишно дете. Повредени се 44 лица, од кои 14 жени, а 30 мажи.
Олех Синехубов, шеф на воената управа на регионот Харков, изјави дека се идентификувани телата на 14 загинати лица. Тој додаде дека биле пронајдени фрагменти од две тела кои допрва треба да се идентификуваат. Уште осум лица се сметаат за исчезнати.
A series of video recordings from cameras inside the Ukrainian home improving store, at the moment of russia’s strike.
Lots of civilian people walking around the store on the weekday.
Russia’s terrorism cannot be happening for a third year in a row, Ukraine critically needs the… pic.twitter.com/kw1TihRhre
— Ihor Lachenkov (@igorlachenkov) May 26, 2024
Нападот се случил во саботата попладне и предизвикал огромен пожар. На пожарникарите им биле потребни повеќе од 16 часа за да го изгаснат пожарот. Националната полиција на Украина објави видео кое го овековечува моментот на рускиот напад. На видеото се гледаат луѓето како лежерно се движат низ продавницата, пред да следи силна експлозија.
Поліція показала "Епіцентр" зсередини у момент російського удару pic.twitter.com/R2yhvqfIFr
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) May 26, 2024
„Видеото на кое во моментов работат истражителите го покажува моментот на ударот. Ова јасно покажува дека луѓето биле целосно неподготвени за таков напад. Тие биле на нивните работни места и се занимавале со својата работа. Сега ја анализираме секоја минута од снимката од надзорната камера“, истакна Синехубов.