Европа
Европските лидери едногласни: „Русија ќе одговара за војната против Украина“

Лидерите на многубројни европски земји, главно од ЕУ, ветија на самитот на Советот на Европа (СЕ) во Исланд дека Русија ќе одговара за војната против Украина попатно откривајќи го механизмот со кој ќе се следат загубите и штетата предизвикана за време на руските напади, објави „Ројтерс“.
На самитот се обрати и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој се приклучи преку видеоврска.
„Пред една година не можевме да ги собориме повеќето терористички ракети, особено балистичките. И сега прашувам едно. Ако сме способни да го направиме тоа денес, има ли нешто што не можеме да направиме?“, рече Зеленски.
Русија негира дека намерно гаѓала цивили за време на бомбардирањето на украинските градови.
На состанокот се разговарало и за решавање други прашања, вклучително и за наводното отстранување илјадници деца од Украина во Русија, што Киев и неговите сојузници го нарекуваат нелегална депортација.
„Сега е моментот да возвратиме. Демократиите како нашата мора да создадат отпор за да можеме да ги совладаме оние што воведуваат нестабилност. Ќе ја сметаме Русија одговорна за страшните воени злосторства што беа извршени и мора да ги научиме лекциите од оваа војна – со тоа што ќе бидеме подготвени да се соочиме со заканите за нашето општество пред тие да станат преголеми“, рече британскиот премиер Риши Сунак.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Советот на Европа е важен и дека мора „да ги казни воените злосторства на руските окупатори и да бара одговорност за големата штета што Русија ѝ ја нанесува на Украина од ден на ден“.
Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) може да им излезе во пресрет и да им помогне на Украинците што се во неволја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин