Свет
Еден полицаец е убиен, а друг ранет во напад со нож во Брисел
Еден полицаец е убиен, а друг ранет во напад со нож во Брисел, пишува „Брисел тајмс“. Обвинителството покрена истрага.
Полициската патрола од зоната Брисел-Север синоќа била нападната од лице со нож. Од здобиените повреди починал полицаецот кој бил ранет во вратот.
Според информациите на различни медиуми, насилникот во моментот на нападот врз полицајците кои биле во патрола извикувал „Алаху акбар“, но оваа информација не била веднаш потврдена од јавното обвинителство.
Nos policiers risquent leur vie au quotidien pour assurer la sécurité de nos citoyens. Le drame d’aujourd’hui le démontre, une fois de plus.
Mes pensées vont à la famille et aux amis de l’officier décédé.
Mon espoir sincère est que son collègue hospitalisé se portera bien.
— Alexander De Croo 🇧🇪🇪🇺 (@alexanderdecroo) November 10, 2022
Беше поставен периметар и започна истрага.
„Нашите полицајци секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ја осигураат безбедноста на нашите граѓани“, напиша премиерот Александре де Кроа на Твитер по нападот.
Се надевам дека повредениот полицаец ќе биде добро, изјави Де Кру.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Индија се бори со топлотен бран, температурата надмина 48 степени: најмалку девет лица загинаа
Најмалку девет лица загинаа поради топлотен удар во западната индиска држава Раџастан, јавија денеска локалните медиуми.
Во градот Бармер во Раџастан во четвртокот е забележана рекордна температура за оваа недела од 48,8 степени Целзиусови, пренесува Ројтерс.
Метеоролозите најавуваат дополнителен пораст на температурите, а во главниот град на Индија, Њу Делхи, во сабота, кога се одржуваат парламентарните избори, се очекува температура од околу 45 степени Целзиусови.
Летните температури во Индија често го достигнуваат својот врв во мај, а научниците предвидуваат дека оваа година во таа земја ќе има повеќе денови со екстремно високи температури од вообичаено, наведува британската агенција.
Свет
Се урна зграда во Мајорка: расте бројот на загинати и повредени
Бројот на загинати во уривањето на двокатната зграда на шпанскиот остров Мајорка се искачи на четири, а бројот на повредени на 16, а неколку луѓе се уште се под урнатините, соопштија локалните служби за итни случаи.
Претходно беше соопштено дека загинале најмалку две лица, а најмалку 12 се повредени.
Локалните медиуми објавија дека ресторанот Медуза Бич Клуб се наоѓал во зградата што се урна во четвртокот вечерта во главниот град на Мајорка, Палма.
Се урнал подот од првиот кат од зградата, по што луѓето паднале во подрумот, а повеќето од загинатите и повредените се странци и туристи, изјави за локалните медиуми, шефот на противпожарната служба во Палма, Едер Гарсија.
Портпаролот на локалната полиција им рекол на новинарите дека се истражува причината за падот, пренесува „Ел Паис“.
Шпанскиот премиер Педро Санчез упати сочувство до семејствата на жртвите и посочи дека владата е подготвена да ја испрати сета потребна помош.
Свет
Во напад со нож во Кина најмалку осум загинати
Осум лица загинаа, а едно е повредено во напад со нож во централната кинеска провинција Хубеи, соопштија денеска властите.
Напаѓачот, 53-годишен маж, за кој се вели дека боледува од ментална болест, смртно избодел осум лица и ранил уште едно лице во градот Ксијаоган, објави новинската агенција „Ксинхуа“.
Повредените немаат повреди опасни по живот.
Полицијата го приведе осомничениот, а истрагата е во тек, наведува кинеската агенција.