Свет
Ердоган го одби повикот на САД за примирје
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува во пресрет на денешната посета на Турција на американскиот потпретседател, Мајк Пенс, и генералниот секретар на САД, Мајк Попмео, кои доаѓаат во Анкара за да го натераат Ердоган да ја прекине офанзивата во Сирија.
Турција почна офанзива за протерување на курдските трупи по повлекувањето на нивниот главен сојузник – САД.
Русија, која ја поддржува Сирија, порача дека спречува судири меѓу турските и сириските сили, кои сега се преселиле во областа по договорот со Курдите.
Турција ги смета елементите на сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите за терористичка организација и сака да ги оддалечи од границата. Анкара најави дека сака да создаде безбедна зона што ќе достигне 30-ина километри во Сирија за преселување два милиона сириски бегалци, кои моментно се наоѓаат во Турција.
Сириските сили, поддржани од Русија, напредуваа на север изминатиов викенд по договорот со Курдите во обид да ја задржат турската операција.
Администрацијата на Трамп е на удар на критики поради повлекувањето на трупите од Сирија, потег што на Турција ѝ овозможил зелено светло за офанзива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

