Свет
Ердоган: Ја уапсивме сопругата на Багдади
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека турските власти ги уапсиле сопругата, сестрата и зетот на убиениот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.
Тие, како што се наведе Ердоган, уапсени се во Сирија.
Багдади имал петмина браќа и неколку сестри, а вчера беше соопштено дека во северна Сирија, во рација на турските сили, уапсена е неговата сестра Расмија Авад.
Турските власти тврдат дека 65-годишната Авад би можела да обезбеди значајни разузнавачки информации за Исламска држава.
Лидерот на Исламска држава се самоуби за време на акција на американските сили во Сирија кон крајот на минатиот месец, така што активираше елек со експлозив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:
„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.
Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.
Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.
Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.
Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.
Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.
Свет
Хамас: Нападот на Израел ги загрозува животите на стотици илјади цивили во Рафах
Израелската окупација на преминот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа е опасна ескалација што ги загрозува животите на стотици илјади раселени цивили во Рафа, како и објекти под заштита на меѓународното право, објави палестинската милитантна група Хамас.
Во соопштението се додава дека нападот на израелската армија ќе ја влоши хуманитарната ситуација во Газа и ќе го спречи протокот на толку потребната итна помош за цивилите, пренесува Ал Џезира.
„Ова злосторство, кое доаѓа веднаш откако Хамас објави дека го прифаќа предлогот на посредникот за прекин на огнот, ја потврдува намерата на окупаторите да ги нарушат напорите за посредување за прекин на огнот и враќање на затворениците“, се вели во соопштението, повикувајќи ги САД и меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да ја запре ескалацијата.
Свет
Белорусија почна да ја проверува подготвеноста на вооружените сили за распоредување нуклеарно оружје
Белорусија почна да ја проверува подготвеноста на своите вооружени сили за распоредување на тактичко нуклеарно оружје паралелно со подготовките за нуклеарна вежба што ја спроведува Русија, објавија белоруските државни медиуми.
Државната новинска агенција Белта го цитираше белорускиот министер за одбрана Виктор Кренин дека претседателот Александар Лукашенко наредил ненајавена инспекција на силите одговорни за овој тип на оружје, пренесува Ројтерс.
„За време на инспекцијата ќе биде проверен целиот опсег на активности од планирање, подготовка и употреба на тактичко нуклеарно оружје“, рече Кренин, додавајќи дека проверките ја вклучуваат ракетната дивизија „Искандер“ и ескадрилата на авионите СУ-25.