Свет
Естонија изразила територијални претензии кон Русија
Претседателот на естонскиот парламент, Хен Пилуас, изјави дека Тартускиот мировен договор, што оваа земја го потпишала со Советска Русија во 1920 година, сè уште е на сила, вклучувајќи го и прашањето на границите меѓу двете држави. Ова се наведува во новогодишната четитка на Пилаус објавена на сајтот на Парламентот, пренесува „Спутник“.
Пилуас потсетува дека на 2 февруари се навршуваат 100 години од потпишувањето на мировниот договор во Тартус, по што е утврдена руско-естонската граница. Според него, Естонија по обновата на независноста е призната како наследничка на државата формирана во 1918 година во сите карактеристики, вклучувајќи ја и државната граница.
„Тартускиот мировен договор е на сила и денес и се наоѓа во регистерот на актиелните меѓународни договори во ОН“, вели Пилуас.
Ова не е прва таква изјава на естонскиот политичар. Во ноември Пилаус побара Москва да ѝ ги врати „анексираните територии“ на оваа балтичка република. Според Тартускиот мировен договор, дел од Ленинградската и од Псковската област ѝ е доделен на Естонија, а овие територии се вратени во РСФСР во 1944 година.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на Пилаус, рече дека Кремљ ги смета таквите изјави за неприфатливи. Москва смета дека Тартускиот мировен договор е историски документ кој нема правна сила. Талин тврди дека договорот и понатаму важи.
Повикувањето на договорот е ставено во преамбулата на Законот за ратификација на руско-естонскиот договор за границата. Москва го оцени тоа како можност во иднина да се изразуваат територијални претензии и го повлече својот потпис од договорот за границата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.