Свет
Жена примала плата од 16 фирми, а не работела ниту еден ден: филмската приказна ќе заврши на суд во Кина
Жена примала плата од 16 фирми, а не работела ниту еден ден, филмската приказна, како што пренесуваат медиумите во регионот, ќе заврши на суд.
На суд ќе се појави и нејзиниот сопруг, а наводно воделе внимателна евиденција за сите работодавци, улогите што треба да ги извршува во фирмите и месечната заработувачка.
Жената постојано барала нови работодавци, а кога одела на интервју за работа се фотографирала и им кажувала на другите шефови дека преговара со клиентите.
Системот, според написите, функционирал беспрекорно со години овозможувајќи ѝ да купи скап стан во Шангај, пренесува Oddity Central.
Шемата за измама почнала да се разоткрива минатиот јануари кога еден од нејзините поранешни работодавци го нашол нејзиното писмо во неколку онлајн-групи и сфатил дека ја отпуштил порано.
Мажот дознал дека таа работи во друга фирма додека била на неговиот платен список и веднаш повикал полиција.
Набргу бил склопен мозаикот од измамата, која се проценува на неверојатни шест милиони евра. Покрај неа и нејзиниот сопруг, уапсени се и 50 соучесници.
Локалните медиуми јавуваат дека ваквите измами се голем проблем во Кина, со стотици специјализирани групи, кои наводно ги преземаат работните места од работодавците.
Специјално се обучени, имаат испеглани биографии, а ги интересираат само плати, велат познавачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Активистите го обвинија папата Франциско дека не направил доволно за да се искорени сексуалното насилство
Папата Франциско не направи доволно за да се искорени сексуалната злоупотреба од страна на свештенството и прикривањето на овие злосторства, изјавија активисти и жртви на митингот во Рим.
Римокатоличката црква долго време се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба, а овој протест беше организиран пред утрешниот фестивал на Светскиот ден на детето во Ватикан, пренесува Ројтерс.
„Сакаме да ги заштитиме младите луѓе кои присуствуваат на фестивалот“, изјавија дел од организаторите.
Свет
Русите денеска 15 пати го нападнаа Харков, убиени 6 лица
Гувернерот на областа Харков во Украина, Олег Синегубов соопшти дека во напад на руската армија врз тој регион загинале шест лица, а 16 се ранети.
Руската армија употреби ракетни системи С-300 во овие напади, напиша Синегубов на платформата Телеграм како што пренесува Униан, Харков денеска бил цел на 15 пати.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски напиша на платформата X дека руските сили го искористуваат недостатокот на украински системи за воздушна одбрана и нејзината способност да уништува ракетни фрлачи во близина на границата.
Зеленски додаде дека тоа не е слабост на Украина, туку на меѓународната заедница „која три години не се осмели да се справи со терористите на начин на кој тие заслужуваат“.
Свет
Песков: Како наследник на СССР, Русија ја задржува својата позиција за независна Палестина
Русија, како наследник на СССР, останува на ставот дека ја признава независноста на Палестина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Гледаме во контекст дека Палестина беше призната како независна држава уште во времето на Советскиот Сојуз. Русија, како наследник на Советскиот Сојуз, ја задржува оваа позиција“, истакна Песков, пренесува ТАСС.
До денес, Палестина е призната од девет земји-членки на ЕУ.
Осум земји – Бугарија, Кипар, Чешка, Унгарија, Малта, Полска, Романија и Словачка – го презедоа овој чекор во 1988 година, пред да влезат во ЕУ, а Шведска во 2014 година.