Свет
Жижек за коронавирусот: Овде е очигледна расистичка параноја
Словенечкиот филозоф Славој Жижек ја коментира паниката што се кренала во светот поради епидемијата на коронавирусот. Тој за „Раша тудеј“ вели дека некои, вклучително и тој, би сакале сега да се токму во кинескиот град Вухан и да може да ја искусат целата ситуација.
„Празните градски улици даваат слика на безгрижен непотрошувачки свет. Коронавирусот е на сите вести и не се преправам дека сум медицински експерт, но постојат прашања што би сакал да ги одговорам – каде се фактите, а каде почнува идеологијата?“, вели Жижек.
Според него, постојат многу полоши епидемии, па прашува зошто толкава опсесија со оваа епидемија ако секојдневно умираат од други заразни болести.
„Се чини дека тука на дело очигледна е расистичка паранија, сетете се на сите фантазии за Кинезинките во Вухан, кои ја вадат кожата од сите живи змии и срцата од глувци во супата. Всушност, овој кинески град, најверојатно, е еден од најбезбедните места на светот“, додава Жижек.
Што ќе се случи ако вирусот мутира на непредвидлив начин и предизвика вистинска глобална катастрофа, прашува тој.
„Ова е и моја приватна параноја. Нели причината поради која властите искажуваат паника е во тоа што знаат нешто за можните мутации, а не сакаат да го изнесат тоа во јавност за да избегнат хаос и немири? Едно е сигурно, изолацијата и натамошните карантини нема да бидат успешни.
Жижек повикува на целосна и безусловна солидарност и глобално координиран одговор, нова форма на она што некогаш се нарекуваше комунизам.
„Ако не ги насочиме своите напори во таа насока, тогаш денешен Вухан може да биде слика на град на нашата иднина“, предупредува словенечкиот филозоф.
Тој додава дека кога маскирани граѓани на Вухан се шетаат наоколу и бараат лекови или храна, на нивните умови дефинитивно нема антипотрошувачки мисли, туку само паника, бес и страв.
Жижек вели дека целосно е свесен за опасноста со која се соочува поради ова јавно изнесување на неговите мисли. Но, предупредува дека ако во Кина имало луѓе што се обиделе да ја забошотат епидемијата, тогаш тие треба да се срамат исто како советските власти во Чернобил, кои јавно тврдеа дека нема опасност додека ги евакуираа сопствените семејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Мамо, не те оставам“: oсумгодишно дете од Минесота убиено додека ја бранело мајка си од насилниот сопруг
Осумгодишно дете од Минесота било убиено додека ја бранело мајка си од сопругот насилник, минатата недела, соопшти семејството на детето, пренесува Law and Crime.
Амир Демарион Харден починал на 9 јуни од компликации откако бил застрелан во главата и вратот на 6 јуни, се вели во соопштението издадено од Канцеларијата на медицинскиот преглед на округот Хенепин.
Според медиумот, на денот на пукањето, таткото на момчето, Денер Харден, бил ослободен од затвор откако платил кауција по обвиненијата за семејно насилство. Тој се вратил во семејниот стан бесен и се обидел да ја убие сопругата.
„Неговиот татко се обиде да ме убие, но мојот син беше застрелан поради мене. Амир се обиде да му го одземе пиштолот од рацете на татко му. Му викав да оди кај соседите. Тој одби и рече – мамо, не те оставам!“, напиша Чериш Едвардс“, ожалостената мајка на Амир.
Кога видел дека го застрелал синот, таткото си пукал во глава, велејќи пред тоа дека „случајно пукал“ во детето, изјави Едвардс. Мајката на момчето додаде дека четирите браќа и сестри на Амир биле сведоци на шокантното насилство.
Европа
Зеленски смета дека мировната конференција за Украина, што се одржува во Швајцарија, ќе го зголеми притисокот врз Москва
Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека мировната конференција за Украина, што се одржува во Швајцарија, ќе го зголеми притисокот врз Москва, но другите учесници на форумот не се толку оптимисти, јави ДПА.
-На дводневниот состанок, на кој присуствуваат 92 земји и осум меѓународни организации, беше повторено дека со заеднички напори може да се стави крај на војната и да се постигне мир, рече Зеленски денеска непосредно пред делегациите да почнат да разговараат на оваа тема.
Меѓутоа, швајцарската претседателка Виола Амхерд нема толку големи очекувања, забележува ДПА.
-Нашите цели се скромни, рече таа, објаснувајќи дека целта на конференцијата е да се поттикне почеток на процес за постигнување траен и праведен мир.
Важноста на меѓународното право како основа на меѓународниот поредок е клучна за ова, рече Амхерд.
-Нападот на Русија го нарушува тоа на најнагласен начин, рече Амхерд.
Русија не беше поканета да учествува на конференцијата, а не учествува ниту Кина, важен сојузник на Москва.
На средбата станало збор и за добивање на најширока можна меѓународна поддршка за украинскиот мировен план, кој предвидува целосно повлекување на Русија од украинска територија.
Свет
Страшна глетка: 28 луѓе висат надолу откако се заглавија во забавен парк во САД (ВИДЕО)
Едно лице е превентивно пренесено во болница, но нема повреди, а 28 се спасени во инцидент во забавен парк во Орегон, САД.
„Пожарникарите успеаја да спасат 28 лица кои беа заглавени на височина од 30 метри, висејќи наопаку, за време на возењето во забавниот парк Оукс .Едно лице е превентивно пренесено во болница, но нема повредени„, соопштија од паркот.
За среќа, брзата реакција на вработените во паркот и пожарникарите спречија сериозни повреди.
Според очевидци, се се случило ненадејно. Прво слушнале татнеж, а потоа и соопштение од огласувачкиот систем внатре во забавниот парк.
Крис Рајан, посетител на паркот, опиша како тој и неговата сопруга се подготвувале да се возат панорамското тркало кога забележале дека возењето е заглавено. Слушаа луѓе како викаат, кога го кренаа погледот, останаа без зборови.
People left dangling upside down for half an hour on Oregon theme park ride. https://t.co/OkVjDTuyJa pic.twitter.com/WWGTRQRWIt
— Sky News (@SkyNews) June 15, 2024