Свет
Заробени петмина лидери на Исламска држава
Ирачките власти заробиле петмина команданти на Исламска држава откако тие биле измамени од ирачката разузнавачка служба да ја преминат границата од соседна Сирија, објави тамошната државна телевизија.
Станува збор за петмина команданти за кои се вели дека биле меѓу најбараните лидери на оваа екстремистичка организација.
Тие биле идентификувани како Садам ал-Џамел, Мохамед ал-Кадир, Исмаил ел-Еитави, Омар ал-Карбула и Есам ал-Заваби, а сите биле фотографирани како носат жолти заробенички униформи.
Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади минатиот месец изјави дека ќе ги преземе сите неопходни мерки против екстремистите со седиште во Сирија.
Во контекст со оваа изјава, ирачките сили изведоа повеќе воздушни напади врз локациите на Исламска држава во Сирија.
Абади минатиот декември прогласи конечна победа над Исламска држава, која во 2014 година контролираше една третина од територијата на Ирак. Сепак, членовите на оваа групација и натаму претставуваат опасност по должина на границата со Сирија и продолжуваат напади од заседи и бомбашки напади во Ирак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кинеската индустрија ќе бара проверка на увозот на свинско месо од ЕУ
Кинеските компании имаат намера да побараат од владата антидампинг истрага за увоз на некои свински производи од Европската унија, пишува државниот „Глобал Тајмс“, повикувајќи се на неименуван извор од деловни кругови.
Извештајот е објавен на платформата Х и во онлајн изданието, без да се наведат детали, пишувааљт медиумите во регионот.
Информациите на изворот за барањето антидампинг давачки за увоз на свинско месо од ЕУ се совпаднаа со зголемените трговски тензии меѓу Европската унија и Кина. ЕУ отвори истрага за увоз на повеќе производи од Кина за да ја заштити домашната индустрија, користејќи за првпат овластувања за проверка на кинеските тендери.
Брисел на тој начин го подготвува теренот за ретроактивни царини за кинеските електрични автомобили, а исто така го проверува увозот на соларни панели и производи од челик, пиѓува медиумот.
Лиу Бин, главен експерт на кинескиот центар за автомобилска технологија и истражување (CATARC) и заменик-директор на Кинескиот истражувачки центар за автомобилска стратегија и политика, изјави за „Global Times“ минатата недела дека Кина треба да ги зголеми тарифите за увоз на големи автомобили од 15 на 25 проценти.
Свет
Русија: Ќе возвратиме на одлуката на Полска за ограничување на движењето на руските дипломати
Русија ќе ги анализира ограничувањата наметнати од Полска за движењето на руските дипломати на нејзина територија и ќе преземе одмазднички мерки, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Русија ќе одговори на таков начин што на русофобичното полско раководство ќе му биде многу жал“, рече Захарова, пренесе ТАСС.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски претходно денеска изјави дека Полска ќе воведе ограничувања за движењето на руските дипломати на нејзина територија поради вмешаноста на Москва во хибридната војна против Европската унија.
Односите меѓу Полска и Русија се затегнати по избувнувањето на конфликтот во Украина во 2022 година, објави Ројтерс.
Варшава ја обвинува Москва и за шпионски активности и саботажа на територијата на Полска.
„Се надеваме дека Руската Федерација ќе го сфати ова како многу сериозно предупредување“, изјави Сикорски за новинарите во Брисел.
Тој додаде дека за оваа одлука ќе биде известена руската амбасада во Варшава и дека ограничувањата за движење важат за сите вработени во амбасадата и конзулатите, освен за амбасадорот, пренесува Танјуг.
Европа
Франција: ученик нападнал професорка со нож на час, се обидел да побегне
Денеска 18-годишен ученик со нож нападнал професорка за време на час по англиски јазик во училиште на западот на Франција, јави телевизијата БФМ.
Средношколецот по нападот се обидел да побегне, но бил приведен.
Професорката се здобила со полесни повреди на лицето, пренесуваат француските медиуми.
Извор близок до истрагата вели дека професорката неколку минути пред нападот разговарала со ученикот за неговото неодамнешно неколкудневно отсуство, пренесува Танјуг.