Свет
Зеленски: Ќе има добри вести од фронтот
Украинските трупи се држат против континуираните напади на руските сили во два источни града, додека армијата на јужниот фронт е подготвена да се бори за стратегискиот регион Херсон, кој Русија го зајакнува, наведува „Ројтерс“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека ќе има добри вести од фронтот, но не даде повеќе детали, додаде британската новинска агенција.
Зеленски не кажа што се случува во Херсон на југ, каде официјални лица и воени аналитичари предвидуваат дека ќе се случи една од најважните битки.
Најжестоките борби во источна Украина се водат во Адивика, пред Доњецк и во близина на Бахмут, додаде Зеленски.
„Тука најдобро се гледа лудилото на руската воена команда. Ден за ден, месец по месец, тераат луѓе да гинат таму, извршувајќи ги најголемите артилериски напади“ – рече Зеленски.
„Ројтерс“ додава дека руските сили направиле неколку обиди да го заземат Бахмут, кој се наоѓа на главниот пат кон украинските градови Славјанск и Краматорск.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.