Свет
Земјотрес во Австралија

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Австралија.
Земјотресот е регистриран во близина на брегот на Брум во северниот дел на Западна Австралија.
Епицентарот на земјотресот бил на 200 километри од брегот, западно од популарната туристичка дестинација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шефот на НАТО за мировниот договор: Топката е јасно на теренот на Русија

Русија веројатно нема да може да им диктира услови на САД за прекин на огнот во војната во Украина, но руското раководство навистина треба да стори повеќе за „да стави крај на оваа војна“, рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте во интервју за „Си-би-ес Њуз“.
Според него, по неодамнешните преговори во Вашингтон, на кои учествуваше пратеникот на Кремљ, Дмитриев, „топката очигледно е на теренот на Русија“.
„Тие не се движат доволно брзо. Мојот впечаток, вклучително и впечатокот што го добивам од моите американски соговорници, е дека Русија навистина треба да направи повеќе за да стави крај на оваа војна“, рече Руте.
Во исто време, тој истакна дека поради американскиот претседател Доналд Трамп „се преселивме од мртва точка“ во однос на војната во Украина.
„И јас сум му благодарен за тоа. Морам да кажам дека сојузниците овде, во последните неколку дена на средби со министрите за надворешни работи, целосно ги поддржуваат напорите на САД да ја доведат оваа војна до праведен и траен крај“, нагласи генералниот секретар на НАТО.
Сепак, Руте не е сигурен дека рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува да стави крај на неговата голема воена агресија против Украина. „Мислам дека ова сега е тест“, заклучи Руте.
Европа
Руски сериски убиец осуден за убиство на 48 луѓе, подготвен е да признае уште 11 убиства

Руски сериски убиец осуден на доживотен затвор за убиство на 48 луѓе е подготвен да признае уште 11 убиства, соопшти руската затворска служба.
50-годишниот Александар Пичушкин целел на жртвите – главно бездомници, алкохоличари или постари лица – околу московскиот парк Бицијевски. Неговиот убиствен поход траеше од 1992 до 2006 година, а потоа му беше судено во 2007 година.
Руските медиуми го нарекоа „шаховски убиец“ бидејќи на детективите им кажал дека за секое убиство планирал да стави паричка на еден од 64-те квадрати на шаховската табла. Серискиот убиец се наоѓа во затвор на рускиот Арктик од неговото осудување.
Долго време се претпоставуваше дека тој убил повеќе луѓе од 48-те за чии убиства веќе е осуден. Тој сега им кажал на истражителите дека е подготвен да признае уште 11 убиства на мажи и жени, соопшти руската затворска служба на социјалната мрежа Телеграм.
За време на претходното судење, тој тврдеше дека убил 63 лица, но беше обвинет само за 48 убиства и три обиди за убиство. Доколку биде осуден за дополнителни 11 убиства, тој ќе стане вториот најсмртоносен сериски убиец во Русија. Михаил Попков, поранешен полицаец, е осуден за 78 убиства.
Свет
(Видео) Хамас го ракетираше југот на Израел

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека истрелала ракети врз градовите во јужен Израел како одговор на „израелскиот масакр на цивили“ во Газа. Израелската армија тврди дека биле истрелани околу десет ракети, но дека повеќето биле успешно пресретнати. Израелскиот Канал 12 објави директен удар во јужниот град Ашкелон.
Израелските служби за итни случаи потврдија дека лекуваат едно лице за повреди предизвикани од шрапнели и дека екипи ги посетуваат локациите на паднатите ракети. На видеата од израелските служби за итни случаи се гледаат автомобили со скршени стакла и остатоци на улиците.
⚡️The moment a rocket from Gaza fell in Ashkelon a short while ago. pic.twitter.com/oauL8eD57D
— War Monitor (@WarMonitors) April 6, 2025
Првата фаза од примирјето меѓу Израел и Хамас стапи на сила на 19 јануари по 15 месеци војна. Воените дејствија беа прекинати, некои израелски заложници беа ослободени, додека Израел ослободи палестински затвореници.
Меѓутоа, на 19 март израелските сили продолжија со копнените операции во централниот и јужниот дел на Газа. Во израелските напади врз Газа загинаа повеќе од 50.000 Палестинци.