Свет
Израел: Полицијата го сослушуваше премиерот Нетанјаху вторпат седмицава
Израелската полиција во четвртокот вторпат во една седмица ги испрашуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху во врска со подароците коишто наводно незаконски ги примал од домашни и странски деловни луѓе.
Полицијата и кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не сакаа и во четвртокот да ги коментираат ваквите информации во медиумите.
Инаку беше известено дека иследниците во четвртокот попладнето пристигнале во резиденцијата на премиерот во центарот на Ерусалим, поради второто сослушување, по она во понеделникот коешто траеше околу три часа.
Истрагата се води поради подароците коишто Нетанјаху како премиер наводно ги добивал од деловни луѓе, соопшти министерството за правосудство во понеделниот, без да каже други поединости.
Вкупната вредност на подароците медиумите ги проценуваат на десетици илјади американски долари. Медиумите, исто така, пишуваа и за втора истрага покрената поради сериозни сомневање во корупција, без да наведуваат други поединости.
Со сопругата Сара преброди во текот на годините повеќе скандал, вклучително и последните истраги за злоупотреби на државни пари за семејни прослави и работи на семејната резиденција. Ги негираа сите обвиненија.
Овие истраги ги поттикнаа прашањата за можноста Нетанјаху, кој во моментов нема ривал на израелската политичка сцена, да биде обвинет и практично принуден да поднесе оставка.
Шеесет и седумгодишниот Нетанјаху категорички ги отфрла сите обвиненија за незаконско постапување, повторувајќи дека „од тоа нема ништо да има, бидејќи и нема ништо“. Ги обвинува своите политички противници и дел од медиумите дека сакаат да го соборат.
Нетанјаху на премиерската должност е од 2009 година, по првиот мандат од 1996 до 1999 година. На власт е така повеќе од десет години и би можел да го собори историскиот рекорд на Давид Бен Гурион, основачот на современата израелска држава, во должината на власт доколку мандатот го истера до крај во ноември 2019 година.
Нетанјаху, инаку, не е првиот израелски премиер против кого е покрената истрага. Ехуд Олмерт, кој на функцијата беше од 2006 до 2009 година, отслужува 18-месечна затворска казна откако во 2014 година беше осуден за земање мито. Поранешниот премиер Ариел Шарон беше под истрага во 2003 и 2004 година за обвиненија за мито и корупција, заедно со двајца негови синови. Во2006 година неговиот син Омри беше осуден за корупција и мина извесен период во затвор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.