Европа
Исламист обвинет за масакрот во Париз провоцирал во судницата по што му бил исклучен микрофонот
Судијата што го води судењето за големиот џихадистички напад во Париз од 2015 година, во кој беа убиени 130 луѓе, а стотици повредени, денеска требало на кратко да го одложи рочиштето бидејќи главниот обвинет се обидел да ги претстави своите политички ставови во судот втор ден по ред.
Салах Абдеслам, главниот обвинет за големиот напад што се случи на 13 ноември 2015 година во Париз, добил право од судијата да ги каже своите ставови за време на расправата за тоа на кои претставници на жртвите ќе им биде дозволено да учествуваат во судењето.
Абдеслам го искористил тоа право прашувајќи дали и жртвите од војните во Сирија и Ирак ќе бидат повикани да сведочат. Тој исто така рекол дека тој и неговите колеги, другите обвинети во случајот, се третираат како веќе да се прогласени за виновни. Обвинетиот додал и дека некои од неговите познајници не биле вклучени во планирањето на нападот во Париз, но дека му помагале како негови пријатели.
Судијата постојано го предупредувал Абдеслам дека отстапува од темата на сослушувањето за на крајот да го исклучи неговиот микрофон, како што известува новинарот на „Ројтерс“ од местото на настанот. Но, Абдеслам и онака продолжил да зборува, па судијата го одложил рочиштето. Паузата траела 25 минути.
Се верува дека 31-годишниот Абдеслам е единствениот преживеан член на исламистичката милитантна група, која изврши серија напади во Париз во 2015 година, користејќи огнено оружје и бомби. Нападнати беа неколку ресторани и кафулиња, концертната сала „Батаклан“ и националниот стадион.
Абдеслам вчера пред судот, на првиот ден од судењето, изјавил дека е војник на Исламската држава, ултрарадикална милитантна група, а подоцна извикал дека тој и другите обвинети се третирани како кучиња.
Судењето што почна вчера се очекува да трае девет месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.